НОВОСТИ

НОВОСТИ

Адора Инженеринг го одбележа празникот Василица

Адора Инженеринг го одбележа празникот Василица

Стефан Орачевски- главен инженер, одговорен за изведба на градилиштата Адора Инженеринг, стана кум за 2014 година, бидејќи нему му се падна паричката од  питата која традиционално за големиот празник Василица се  дели во Адора  Инженеринг.

Стефан Орачевски- главен градежен инженер

Денес 13.01.2014 година директорот и сопственикот проф. д-р. Ванчо Чифлиганец ја делеше питата со паричка на вработените во Адора Инженеринг од досегашниот кум Борче Чифлиганец. Од 40 поделени парчиња, паричката се најде во питата на Стефан Орачевски- дипломиран градежен инженер- главен  и одговорен за градежниот дел од изведбата на објектите на  Адора Инженеринг.

Радосната вест веднаш му ја соопштија колегите, бидејќи тој беше на своето работно место на градилиште. Кумството му го честита директорот со желба за лична и семејна среќа, многу здравје и бериќет. Тој потенцираше дека ова е сигнал кој укажува дека 2014 година градежната изведба ќе биде носител на бериќетот и среќата во компанијата. Колегите му посакаа со лесно, квалитетно и во рок да ги заврши сите започнати објекти, да се  започнат  новите градби,а среќата од традиционалната пита да  помогне желбите нему и на  сите  вработени да се остварат.

 

Кумот за 2014 година Стефан Орачески од  сопственикот на  компанијата доби пригодна  парична награда, а негова  обврска ќе е  догодина тој да донесе традиционална пита  со паричка, која ќе израдува некој од вработените во компанијата.

Ова традиција се продолжува од година во година бидејќи сите  вработени се  во семејство Адора инженеринг. Како такви, во рамките на  компанијата, ги негуваат сите одбележувања на најзначајните христијански празници, исто како што заедно ги прославуваат деловните успеси, родендени и среќни моменти во нивните  семејства. 

Адора

Поврзани вести

АДОРА СО НОВИ ИСКУСТВА И КОНТАКТИ ВО СВЕТСКАЛА ЛИГА ЗА ВОДОРОД НА САМИТОТ HYDROGEN EUROPE 2024

Многу нови контакти и средби со светската елита во чиј фокус е водородот, најнови сознанија за глобалните трендови во производство на зелена енергија и стремеж

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ