НОВОСТИ

НОВОСТИ

ЕФТИНИ ИЛИ БЕЗБЕДНИ И КВАЛИТЕТНИ СТАНОВИ?

ЕФТИНИ ИЛИ БЕЗБЕДНИ И КВАЛИТЕТНИ СТАНОВИ?

Анализа на Адора Инженеринг-Скопје 

Сакаме енергетски ефикасни станови со европски квалитет или станови со пониски цени?  Ефтините станови граѓаните два пати ги плаќаат. 

Во последно време сведоци сме на чести информации во јавноста за намалување на цените на новоизградените станови, со што кај граѓаните се создава слика дека едни нудат станови по пониски цени за разлика од други и дека интересот за купување станови опаѓа. Како најуспешна градежна компанија во 2012 година, според анализите на Централниот Регистар, единствен градежен супербренд за  2013/2014 година во Македонија и значаен инвеститор во високата градба, чувствуваме потреба и обврска да го соопштиме нашиот став.

Во врска со цените на станбениот простор, се поставува прашањето како може како репер да се земаат цените што за м² ги нуди државното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор, кога за градежната локација јавното претпријатие не плаќа ништо, со што во старт основата за формирање на цената на становите е драстично различна. Наспроти тоа, приватните градежни компании за купување државно градежно земјиште преку електронско наддавање плаќаат доста високи цени, како што беше случајот со „Адора Инженеринг“, која плати дури 430 евра за еден м² државна локација во Ново Лисиче, општина Аеродром, Скопје. Се наметнува прашањето колкава реално може да биде цената на становите во Македонија? Или пак, тие кои тврдат дека цените на станбениот квадрат ќе паѓаат, можеби имаат најави за намалување на цената на државното градежно земјиште или на давачките за комуналии во иднина?

Оние кои зборуваат за намалени цени на новите станови должни се тоа и да го  аргументираат. Дали е тоа можно во услови кога освен на локациите, постојано растат и цените на градежните материјали, како бетонот, железото, енергетски ефикасните материјали, на што се додаваат и цените за изготвување на потребната документација за градба, пропишана од државата. И покрај поголемите трошоци, цените на становите се исти како порано, што реално претставува поефтина цена на станбениот простор, за високиот квалитет што го добиваат купувачите.

Најважно од сè е прашањето како може држава како Македонија што се стреми кон современтите европски стандарди, да протежира пониски цени на становите, на сметка на намалување на квалитетот и економичноста што тие ги нудат, што е спротивно на светскиот тренд за квалитетно домување. ОСОБЕНО ЗНАЧАЈНО Е ШТО КУПУВАЊЕТО НОВ ДОМ НЕ Е САМО ЗА ДЕНЕС ТУКУ И ЗА ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ и затоа е важна долгорочната заштеда на енергија и пари што ја овозможуваат енергетски ефикасните домови, кои како пионер во регионов ги воведе „Адора Инженеринг“. Години наназад компанијата ги едуцира граѓаните за придобивките од еко домовите, кои долгорочно штедат енергија и пари, чии ефекти веќе се чувствуваат. Наместо поефтини цени, предлагаме владата да воведе субвенции за изградбата на енергетски ефикасните станови, од што корист ќе имаат сите.

Од наведеното, се наметнува контрадикторноста на тврдењата за опаѓање на цените и за намалување на интересот за купување нови станови во Македонија. Демант на тоа се 16-те станови што „Адора Инженеринг“ ги продаде за само еден месец во летниот период, кој по традиција е попасивен од останатите.

Инаку, „Адора Инженеринг“ од почетокот, а и натаму целосно го поддржува владиниот проект „Купи куќа, купи стан“, за што има голем интерес и се продадени доста станови во компанијата. Преку овој модел, како и со поволните станбени кредити со најниска камата од 2,5 % и субвенција во првите три години од страна на градежната компанија, им нудиме можност на граѓаните од различен социјален статус и економски стандард да станат сопственици на нов квалитетен дом по најповолни услови.

 

Елитен станбен објект Охрид-Билјанини Извори

 

 

                                               

 

 

 

                       

 

 

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ