Во „Адора Инженеринг“ има голем интерес за купување стан преку владиниот проект „Купи куќа, купи стан“, за што потврда се 200-тината јавувања на заинтересирани граѓани во компанијата во август, од кои, само во еден ден се потврдени две апликации за купување стан по овој модел. Во оваа градежна компанија, што го поддржува проектот од неговиот почеток, и во изминатиот период имаше интерес за него и на овој начин досега се склучени 15 договори за купопродажба на стан. Интересот за проектот значително порасна по неодамнешните законски измени со кои 50 % од средствата на државата за учество во станбениот кредит, станаа неповратни. „Адора Инженеринг“ со учество во владиниот проект со дел од понудата на елитни станови, ја поддржува социјалната димензија на проектот “Купи куќа, купи стан“, со што по доста поволни цени и услови и граѓаните со поплиток џеб можат да станат сопственици на асеизмички стабилен, квалитетен, енергетски ефикасен и економичен стан, изграден по европските стандарди.