НОВОСТИ

НОВОСТИ

ПРЕДАДЕНИ КЛУЧЕВИТЕ НА ПРВИТЕ СТАНАРИ НА DIAMOND GARDEN BY ADORA

ПРЕДАДЕНИ КЛУЧЕВИТЕ НА ПРВИТЕ СТАНАРИ НА DIAMOND GARDEN BY ADORA

Насмевки, возбуда, задоволни и среќни лица на првите станари кои денес ги добија клучевите од нивниот нов дом во атрактивниот комплекс Diamond Garden by Adora во Тафталиџе, Карпош, Скопје. Купувачите кои избрале дом во Дијамантската градина на Адора, денес од менаџерите за продажба ги добија клучевите и кутиите со симболични подароци, Упатство за квалитетно домување со корисни информациии, препораки и совети, ги примија нивните станови и станаа први жители во овој комплекс. Со овој последен чин во купопродажбата на недвижноста, Diamond Garden by Adora почнува да живее со своите жители, кои ќе ги уживаат најновите придобивки на зеленото домување како светски тренд, според  последните стандарди на урбаната архитектура. Уникатноста на овој ексклузивен станбено-деловен комплекс е што зелено-сините нијанси на смарагдот и структуралната фасада налик на скапоцениот дијамант од надворешноста, се надополнува со најголемата внатрешна градина во Југоисточна Европа со декор од 5,5 тони зеленило, што ги исполнуваат сите хоризонтални нивоа и целата вертикална висина во двата атриуми.  Објектот со атрибути на вистинска урбана оаза за квалитетно и релаксирано домување, го воведе Boutique Real Estate концептот во Македонија, што веќе е препознаено во светски рамки. Адора инженеринг на првите станари на Дијамантската градина им честита на новиот дом, им благодари на довербата и им посакува пријатно домување, исполнето со среќа, здравје, љубов, бериќет и хармонија од убавини.

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ