Во функција на задоволни купувачи во новата 2014 година-Тимот на Адора Инженеринг

Вработените  на Адора  инженеринг-Скопје, Новата 2014 година ја дочекаа заедно во весела атмосфера на Билјанини Извори во Македонскиот Ерусалим-Охрид.

Дочек на Нова 2014 година

Среда 02.01.2014 година беше прв работен ден за Вработените на Адора Инженеринг-Скопје. Менаџментот одржа колегиум за сумирање на постигнатото во 2013 година и договор како во новата  2014 година  компанијата да биде во уште поголема заложба за остварување на поголем квалитет, енергетска ефикасност, сеизмичност, акустична, термичка,  хидро и секоја друга  изолираност на недвижностите кои ке се  градат. Менаџментот  со вработените искажаа подготвеност во новата година да бидат во уште поголема функција  на  задоволни купувачи сегашни и идни.

 Добиените награди во 2013 година и постигнатите резултати се дополнителна обврска за тимот на Адора  Инженеринг-Скопје во новата 2014 година да проектира, изведува, и гради станбено деловни и паркинг единици  со воведување  на  уште повисоки стандарди, најсовремени методи, најнови еко материјали и новитети во системи за заштеда на ресурси и воведување на што повеќе  алтернативни  природни обновливи извори на енергија. 

Менаџерскиот тим на Адора Инженеринг

 

Archive