НОВОСТИ

НОВОСТИ

Буџетите на Општина Кисела Вода и Градот Скопје од Адора инженеринг ќе добијат 2.180.000 евра за купопродажба на 4403 м2 градежно земјиште на транспарентна електронска лицитација

Буџетите на Општина Кисела Вода и Градот Скопје од Адора инженеринг ќе добијат 2.180.000 евра за купопродажба на 4403 м2 градежно земјиште на транспарентна електронска лицитација

На третиот ден на Божиќ во лето господово 2015 година  во 12 часот и 7 минути  Адора инженеринг дооел-Скопје, даде најповолна понуда  и  купи градежно земјиште од 4403 м2, на влезот во најурбаната населба  Рампа, КИСЕЛА ВОДА на транспарентно електронско јавно наддавање.

Адора инженеринг, наместо почетната цена од 4300 денари/м2 за земјиштето сопственост на Република Македонија, предвидено со ДУП: Цветан Димов-Славија (блокови 1,2,3,4,5,7,8 и 10) плати седум пати повеќе 29570 денари/м2. Со само еден клик на транспарентното електронско наддавање од Адора инженеринг дооел-Скопје, буџетите на Општина Кисела Вода и Буџетот на Градот Скопје ке бидат побогати за 2.180.000 евра.

Според зборовите на сопственикот, проф. д-р Ванчо Чифлиганец и менаџерскиот тим на Адора инженеринг, денес се неизмерно среќни бидејќи благодарение на реформските мерки на Владата на Република Македонија, Адора инженеринг се стекна со можност во законска процедура, да плати 500 евра/м2 градежно неизградено земјиште сопственост на Република Македонија.

Горди се што овие средства ќе може да бидат ставени во функција на буџетските потреби и ќе допринесат за просперитет на сите граѓани на Општина Кисела Вода и Градот Скопје. Тие се убедени дека само со домашни инвеститори, подготвени да ризикуваат, да платат многу во Буџетите на државата и со економично и професионално работење да остварат некој минимален бенефит од своето работење, ќе се овозможи Македонија  да биде  побогата и попросперитетна држава,  а општините со  поголем буџет за своите развојни проекти.

Во Адора инженеринг  се убедени дека и во општината Кисела Вода, во која за прв пат ќе се гради барок станбено деловен елитен објект на Адора инженеринг ПОРТА-Кисела Вода-Скопје, во законски процедури ќе имаат принципиелна соработка со општинските и државните институции.

Проф. д-р Ванчо Чифлиганец  не ја криеше својата решеност и во овој проект да влезе храбро. Да се вгради себе си и својот тим во инвестиција од 30-40 милиони евра во двата правци, 100% домашна, од која се очекува да егзистираат најмалку 500 македонски семејства.

За тимот на Адора инженеринг веќе нема дилема, од денес се обединуваат во остварување на овој проект кој по добивањето на Одобрение за градба во рок не поголем од 15 месеци, новите станари ќе може да се вселат во новоизградени елитни, енергетски ефиксни недвижности. Градбата се очекува да биде модерна, својствена на брендот Адора инженеринг, со применети европски и светски стандарди на градба на овие македонски простори и  по вкус на купувачите.

Овие цели пред себе си ги постави Инвеститорот Адора инженеринг убеден дека нема да наиде на било какви правни, имотно правни ни други пропусти кои би можеле да го пролонгираат или отежнат отпочнувањето на градба, а Општината и Градот уште пред уплатата на средствата ќе ги спроведат сите законски постапки и ќе овозможат непречено и што побргу отпочнување на овој инвестиционен проект, неоптеретен од ништо.

Се очекува овој да биде уште еден пилот проект со кој ќе се гордее тимот на Адора инженеринг, но и градежната фела од високоградба, Општината Кисела Вода и Градот Скопје, а повеќекратен бенефит ќе има и севкупната македонска економија.

 

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ