НОВОСТИ

НОВОСТИ

СО ПРИМЕНА НА ИНОВАЦИИТЕ ЗА БЕЗБЕДНО, КВАЛИТЕТНО И ЕКОНОМИЧНО ДОМУВАЊЕ И ПРОМОЦИЈА НА ПРВИОТ А-КЛАСА ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСЕН ОБЈЕКТ, АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ НА МАКИНОВА 2013

СО ПРИМЕНА НА ИНОВАЦИИТЕ ЗА БЕЗБЕДНО, КВАЛИТЕТНО И ЕКОНОМИЧНО ДОМУВАЊЕ И ПРОМОЦИЈА НА ПРВИОТ А-КЛАСА ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСЕН ОБЈЕКТ, АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ НА МАКИНОВА 2013

Како лидер во градежништвото во Македонија кој постојано ги применува современите иновации во високоградбата за побезбедно, поквалитетно и долгорочно поекономично домување, единствениот градежен супербренд Адора Инженеринг се претстави на саемот за иновации Макинова во рамките на Технома 2013 во Скопје. Според генералниот директор проф. д-р Ванчо Чифлиганец, градењето дом во кој треба да живеат повеќе генерации е премногу сериозна и одговорна работа, во која не се дозволени импровизации, поради што стручниот тим на Адора Инженеринг акцентот го става на геомеханичката стабилност и  врвната асеизмичка сигурност на објектите, на нивниот квалитет со примена на најновите технолошки решенија и светски стандарди и на изградба на енергетски ефикасните домови, кои компанијата ги воведе во Македонија и постојано ги усовршува.

Стручниот тим на Адора, поткрепен со изјави, истражувања и мислења на афирмирани експерти, како иновативни продукти ги претстави подобрувањето на геомеханичката стабилност на тлото кај станбениот објект Билјанини Извори во Охрид, што со бонификација се искачи на 100 Мpa, научната потврда на врвната асеизмичка стабилност за прв пат во самостојна Македонија со „вештачки земјотрес“ со јачина од 5,5 степени по Европската макросеизмичка скала, кој не остави никакви оштетувања на станбена десеткатница во комплексот „Адора“ во Ново Лисиче-Скопје и изградбата на првиот станбен комплекс во Македонија,  општина Аеродром-Скопје од А-КЛАСА, подготвен за енергетски пасош, уште пред негово воведување во Македонија. Со ѕидање со керамички блок со ниска топлинска спроводливост, специјално произведен за Адора, со новиот третман на фасадата, ПВЦ столарија од најновата генерација на Reahau-Geneo Fipro и добра изолација на градежните конструкции со 10 цм графитен стиропор, новиот  енергетски ефикасен објект во Скопје кој ги надминува сите барања на Правилникот за енергетски карактеристики на згради во Македонија, на станарите ќе им троши 6 пати помалку енергија за греење во зимскиот период, кога според стручната студија на д-р Петар Николовски, станарите тука за стан од 50, наместо досегашните 7.500 ќе плаќаат месечна сметка за греење на струја од само 1.250 денари. 

 

 

 

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ