Адора Инженеринг со мисија за проширување во Радовиш

Првиот ден од големиот христијански празник Божиќ (07.01.2014) ген. дир. на Адора Инженеринг проф. д-р Ванчо Чифлиганец, заедно со своето семејство го прослави  во родното место с. Раклиш во Радовиш, грутката земја каде што проф. Чифлиганец ги има поминато своите детски денови, сонувајќи и растејќи со визија еден ден да стане човек кој ќе гради топли и безбедни домови, многу слични на оние кои ги создавал од кал во своите детски игри.

Родната куќа во с. Раклиш

Проф. д-р Чифлиганец со својот брат Ѓорги Чифлиганец
     

„Библијата не учи дека сите сме излезени од земја, живееме на земја и во земја се враќаме. Како мал, моите родители- земјоделци Ванѓа и Илко Чифлиганец, ме учеа да живеам чесно и скромно. Тие ми даваа многу љубов и ме научија дека во животот мора да се работи за да создадеш за себе. Колку повеќе создаваш толку повеќе ќе имаш за себе, но и за оние околу тебе. Тоа беше мисла- водилка која како најсилен мотив ме донесе на патот по кој денес чекорам. Затоа на овој голем христијански ден- раѓањето на Исус Христос, со мојата фамилија дојдовме во родното место с. Раклиш, да ја посетиме куќата во која сум се родил и израснал и да им оддадеме почит на корените и моите родители на кои вечно ќе им бидам благодарен.“- изјави проф Чифлиганец.

Освен празничната прослава во кругот на потесното семејство, каде што проф. Чифлиганец со своите најблиски и најсакани си посакаа здравје, среќа, љубов, спокојство и бериќет, тој го искористи денот и за посета на земјиштето  кое се наоѓа во индустриската зона во Радовиш, а е сопственост на градежната компанија Адора Инженеринг. Во пријатна празнична атмосвера, се разгледуваше и утврдуваше можноста за развивање на дејност која ќе придонесе за подобар економски развој на градот, а Секторот за развој во Адора Инженеринг започна со разработка на бизнис идеја, за на 16000м2 земјиште и 1300 м2 постојни објекти кои ги поседува компанијата, да се отпочне со еколошко корисна производствена дејност која ќе претставува добробит за градот и своите сограѓани. 

 „ Од секогаш сум сакал да преземам голем и цврст чекор со кој лично ќе придонесам за просперитет и благосостојба на жителите во општина Радовиш. Идејата ја имплементираме во производствените планови за идни деловни активности, но дали ќе се реализира не зависи само од желбата која во Адора Инженеринг постои повеќе години наназад. Се надеваме дека во соработка со локалната самоуправа и радовишките стопанственици ќе пронајдеме заеднички јазик, за истите да се остварат. Радовиш е градот во кој моите родители ме пораснаа и ме извадија на прав и чесен пат и затоа сакам токму тука да развијам бизнис со кој ќе придонесам во развивањето и напредокот на градот и граѓаните.“- заврши ген. дир. на Адора Инженеринг проф. д-р Ванчо Чифлиганец.

 

Archive