НА ИЛИНДЕН АРХИТЕКТИТЕ НИНА СТРЕЗОВСКА И ВАНЧО ЃЕОРЃИЕВСКИ ЗА СВОИТЕ СТРУЧНИ УСПЕСИ НАГРАДЕНИ ОД МЕНАЏМЕНТОТ НА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ

Афирмираните архитекти во проектантското биро на Адора Инженеринг Нина Стрезовска и Ванчо Ѓеорѓиевски, во чест на големиот национален празник Илинден, за своите успеси во работењето и стручната специјализација, добија награди од генералниот директор на компанијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец. Стрезовска е наградена со златник со ликот на Свети Јован Крстител и реплика на истоимената црква-донација на Адора Инженеринг во општина Аеродром, Скопје, за добиеното овластување за енергетски контролор во првата генерација енергетски контролори во Македонија. Стрезовска, која е прв енергетски контролор во Адора Инженеринг, со оваа специјализација се стекна по стручната  обука и успешно положениот испит, со што таа е овластен енергетски контролор според правилникот за енергетска контрола и правилникот за енергетски карактеристики на згради во Македонија. Генералниот директор д-р Чифлиганец изрази задоволство што Адора Инженеринг, пионер во воведувањето и лидер во изградбата на енергетските станбени објекти од високата А класа, доби овластен енергетски контролор, што е уште една потврда за поддршката што компанијата им ја дава на своите вработени за повисока стручна едукација, со што се овозможува постојано следење на новите светски трендови во градежништвото за  квалитетно, сигурно и економично домување во објектите на овој градежен бренд.

Енергетскиот контролор Нина Стрезовска со проф. д-р Ванчо Чифлиганец, ген. дир. на Адора Инженеринг

Искусниот архитект Ѓеорѓиевски, раководител на проектантското биро во Адора Инженеринг, беше награден од генералниот директор д-р Чифлиганец за успешното 10 годишно работење во компанијата, каде тој има особен придонес во проектирањето на 30-тината елитни објекти изградени од овој градежен супербренд, како и за учеството во изградбата на православната црква Свети Јован Крстител во Скопје и во подигнувањето на спомен обележјето во чест на Водици во Охрид. При врачувањето на златникот со ликот на Свети Јован Крстител и реплика од истоимената црква, д-р Чифлиганец му изрази благодарност на Ѓеорѓиевски за посветената и успешна работа и за неговиот придонес заедно со сите вработени за издигнувањето на Адора Инженеринг како  лидер во високоградбата во Македонија.

Дипломираните инженери архитекти Ванчо Ѓеорѓиевски и Нина Стрезовска со ген. дир. на Адора Инженеринг проф. д-р Ванчо Чифлиганец

Наградувањата на успешните вработени, како најголемо богатство и носител на развојот на Адора Инженерио по повод празникот Илинден, се мотивација за сите вработени постојано да ги усовршуваат своите знаења и да се едуцираат за свој личен и професионален напредок и за просперитет на компанијата.

Стручниот и менаџерски тим на Адора Инженеринг со наградените колеги на Илинден

 

Archive