НОВОСТИ

НОВОСТИ

Македонија доби Дијамантска градина за домување во Скопје со 5,5 тони природно зеленило. Со отворањето на комплексот Diamond Garden, Адора инженеринг одбележа 16 години успешна работа во високоградбата

Македонија доби Дијамантска градина за домување во Скопје со 5,5 тони природно зеленило. Со отворањето на комплексот Diamond Garden, Адора инженеринг одбележа 16 години успешна работа во високоградбата

Со свеченото отворање на новиот станбено-деловен комплекс Diamond Garden во Тафталиџе, Скопје, градежниот бренд Адора инженеринг прослави 16 години успешна работа во врвот на високоградбата во Македонија. Во присуство на голем број станари, купувачи, деловни партнери, вработени во компанија и гости, Македонската дијамантска градина за зелено домување, официјално најголемата внатрешна градина во Европа со 5,5 тони растенија од природно потекло, ја отвори менаџментот на Адора инженеринг. „Уникатноста на комплексот Diamond Garden се двата внатрешни атриуми, со стаклен кров од кој зрачи природна светлина и свеж воздух, збогатени со 100 % природни растенија и мов, презервирани со целосно еколошки процес, кои ги оплеменуваат сите хоризонтални нивоа и целата вертикална висина на комплексот“, порача проф. д-р Васка Сандева од Универзитетот Гоце Делчев во Штип, стручњак за пејзажна архитектура и хортикултура, објаснувајќи го потеклото, својствата, придобивките и третманот за внатрешното зеленило во комплексот, истакнувајќи дека овој метод на оплеменување се користи во најсериозните и најистакнатите проекти за хумано домување во светот. „Особено сум среќен бидејќи успеавме да докажеме дека можеме да бидеме позитивно различни, но не Адора инженеринг, туку Република Македонија и дека на ова мало парче земја соочено со огромни предизвици, покажавме дека со силна желба, со малку глувост кон оние кои тешкото го нарекуваат невозможно и со многу труд и работа, сепак умееме да создадеме нешто што е за почит во светски рамки. Среќен сум поради среќата на нашите купувачи, бидејќи домот е свето место каде се поминува најголем дел од животот, каде гледаме како растат неколку следни генерации, домот е библиотека на нашите спомени“, порача Душко Чифлиганец, заменик генерален директор на Адора инженеринг и проект лидер на Diamond Garden, кој потенцира дека во Адора се среќни што среде секојдневната борба, успеваат да понудат исклучително квалитетен и топол дом, што секој во светот го заслужува, дом што е парче спокој среде хаосот наречен денешница. Генералниот директор, проф. д-р Ванчо Чифлиганец истакна дека за успехот на градежниот бренд Адора инженеринг се заслужни 3.000 вработени-македонски неимари кои досега продефилирале низ компанијата и изградиле над 3.000 стабилни домови со квалитет препознаен и валоризиран со стотици национални и интернационални признанија, во кои живеат над 13.000 станари. „Адора инженеринг не гради и не продава метри квадратни, туку станови за хумано живеење, со поглед на сино небо и светлина од атриумите, што од надвор дава ведрина, а внатре домовите се исполнети со топлина, љубов, среќа и успешност на семејството. И покрај бројните искушенија и предизвици во работата, Адора инженеринг и Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец секогаш се грижеле и ја помагале пошироката заедница, за што изминатите 16 години компанијата донирала над 3,5 милиони евра“, порача Чифлиганец. На отворањето на Дијамантската градина на Адора, што од Светската маркетинг организација деновиве доби златен медал за воведување на Boutique концептот на недвижности и домување во Југоисточна Европа, се собраа хуманитарни средства кои ќе се донираат на Детската болница за белодробни заболувања „Козле“ во Скопје.      

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ