ОСВЕТУВАЊЕ НА КАМЕН ТЕМЕЛНИКОТ НА СПОМЕНИКОТ ЗА ВОДИЦИ ВО ОХРИД

Утре, на 31-ви јануари, во 12 часот, на православниот празник Свети Атанасиј, на свечен начин ќе биде осветен и поставен камен темелникот за изградба на новото спомен обележје за Водици кај градското пристаниште во Охрид од свештеници на МПЦ, Кумот на Водици Охрид-2014, Градоначалникот на Охрид д-р Никола Бакрачески и Кумот на Водици Охрид-2012 проф. д-р Ванчо Чифлиганец, кој е донатор на споменикот. Се покануваат сите граѓани утре да присуствуваат на свеченоста по повод осветување на камен темелникот на споменикот за Водици во Охрид.

Споменикот за Водици, автентична верско-туристичка атракција посветена на најмасовата прослава на Богојавление во овој дел на православието, кој е дар за граѓаните, туристите, Балканскиот Ерусалим-Охрид и Македонија, се очекува да биде комплетиран до летната туристичка сезона 2014.

Подготовки на теренот во Охрид за поставеување на камен темелникот на споменикот за Водици

 

 

 

Archive