НОВОСТИ

НОВОСТИ

СРЕДБА НА МЕНАЏМЕНТОТ НА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ СО РАКОВОДСТВОТО НА ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА ЗА НОВАТА ИНВЕСТИЦИЈА „ПОРТА КИСЕЛА ВОДА“-СКОПЈЕ

СРЕДБА НА МЕНАЏМЕНТОТ НА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ СО РАКОВОДСТВОТО НА ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА ЗА НОВАТА ИНВЕСТИЦИЈА „ПОРТА КИСЕЛА ВОДА“-СКОПЈЕ

Менаџментот на Адора инженеринг со ген. дир. проф. д-р Ванчо Чифлиганец  денес оствари средба со градоначалничката на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ и членовите на комисијата за спроведување на постапка за електронско јавно наддавање, на која го доби известувањето дека е најповолен понудувач за откуп на градежното земјиште во Скопје, сопственост на Република Македонија, опфатено со деталниот урбанистички план за месната заедница Цветан Димов-Славија.

На состанокот кој мина во пријатен деловен амбиент, раководството на локалната самоуправа и инвеститорот  Адора инженеринг искажаа задоволство од досегашната и се заложија за уште подобра соработка во иднина, со цел успешно да се реализира проектот за изградба на модерниот станбено-деловен комплекс „Порта Кисела Вода“, кој е од стратешко значење за општина Кисела Вода, Скопје и Македонија.

Новиот проект во општина Кисела Вода-Скопје е во рамките на инвестициските планови на Адора инженеринг за изградба на станбено-деловни објекти во  2015/2016-та година, што ќе бидат во препознатливиот стил на овој потврден градежен бренд, кој е синоним за докажано безбедни, енергетски ефикасни домови А-класа, изградени според европските стандарди за квалитетно домување. Се очекува во новиот проект „Порта Кисела Вода-Скопје“ да има финансиски обрт од околу 30 милиони евра.

проф. д-р Ванчо Чифлиганец, ген. дир. на Адора инженеринг со Билјана Беличанец-Алексиќ, градоначалник на општина Кисела Вода-Скопје
 

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ