Во првото четиримесечје од годинава градежната компанија Адора Инженеринг продаде 120 елитни висококвалитетни станови во Скопје и Охрид, што е значително повеќе од продажбата во истиот перид минатата година.
Во периодот јануари-април 2014-та компанијата-лидер во високоградбата во Македонија продаваше во просек по еден стан дневно, што е потврда дека прометот на недвижности не само што не опаѓа, туку во овој единствен градежен супербренд во Македонија бележи забележлив растечки тренд во однос на првото четиримесечје во 2013-та.
„Од почетокот на годинава до крајот на април Адора Инженеринг оствари продажба на 7081 м² станбен простор што значи дека купувачите го препознаваат повеќегодишното инвестирање во квалитетна градба со примена на европските стандарди, врвната геомеханичка стабилност и асеизмичност на објектите потврдена со вештачки земјотрес, вградувањето повеќе железо и бетон по м² и изградените економични енергетски ефикасни објекти од А класа, кои се подготвени за енергетски пасош. На драстично зголемената продажба на станови во Адора Инженеринг влијаат и специјалните поволности што на купувачите им ги нуди компанијата заедно со прифатливите станбени кредити со банките, како и проектот „Купи куќа, купи стан“ и поволната бизнис клима во градежниот сектор во Македонија“. – порачува проф. д-р Ванчо Чифлиганец, ген. дир. на Адора Инженеринг, кој потенцира дека темпото на продажба но компанијата го следи трендот на градбата, што наметнува зголемување на динамиката со нови инвестициони зафати и почеток на проекти за изградба на нови елитни станбено-деловни објекти на овој бренд на атрактивни и ексклузивни локации во Скопје.
Адора Инженеринг со остварените резултати и новите инвестициски проекти цврсто и сигурно чекори напред, остварувајќи директен придонес во македонската економија.