НОВОСТИ

НОВОСТИ

ГОЛЕМ ИНТЕРЕС ЗА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ И ПРОЕКТОТ „КУПИ КУЌА, КУПИ СТАН“ НА САЕМОТ „ВДОМИ СЕ ВО 3 ЧЕКОРИ“ ВО СИТИ МОЛ

ГОЛЕМ ИНТЕРЕС ЗА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ И ПРОЕКТОТ „КУПИ КУЌА, КУПИ СТАН“ НА САЕМОТ „ВДОМИ СЕ ВО 3 ЧЕКОРИ“ ВО СИТИ МОЛ

Граѓаните на Скопје и другите градови и претставниците на медиумите покажаа голем интерес за Адора Инженеринг и нејзината вклученост во владиниот проект „Купи куќа, купи стан“ на саемот „Вдоми се во 3 чекори“, што денес започна во Сити Мол, во организација на министерството за финансии, градежните компании, банките, осигурателните и компаниите за мебел и бела техника. На штандот на Адора Инженеринг, посетителите на Сити Мол се интересираа каде можат и под кои услови да купат стан од овој градежен бренд во рамките проектот „Купи куќа, купи стан“, што компанијата го поддржува од почетокот, досега преку него има продадено повеќе од 40 висококвалитетни, докажано безбедни, енергетски ефикасни станови во своите елитни станбено-деловни објекти во Скопје, општина Аеродром и Ново Лисиче, како и во Билјанини Извори во Охрид.

Адора Инженеринг се претставува на саемот „Вдоми се во 3 чекори“ преку проектот „Купи куќа, купи стан“ во Сити Мол

„Сметам дека овој проект на владата на Република Македонија и министерството за финансии во значителна мера го раздвижи пазарот на недвижности, што резултира со зголемување на економско-финансискиот обрт и продажбата на станови во Македонија и со извесно намалување на цената на становите, за тие да се вклопат во проектот. Проектот има многукратни позитивни ефекти за инвеститорите,  градежните компании и нивните деловни партнери, производителите на градежни материјали и за сите субјекти во градежниот бизнис. Најголеми придобивки имаат граѓаните на Македонија, кои добија исклучителна можност, со субвенциониран кредит од државата, да го решат животното станбено прашање и на бенефициран начин, полесно да станат сопственици на нов, квалитетен дом на атрактивни локации, со докажана асеизмичка стабилности и енергетски пасош А класа, изграден по најновите европски стандарди и напредни технологии. Тоа значи дека квалитетот што го добиваат граѓаните со купениот стан во Адора Инженеринг со овој проект е ист како и останатите изградени од овој градежен бренд, само условите се драстично поповолни“.

Голем интерес на граѓаните и медиумите за понудата на Адора Инженеринг преку проектот „Купи куќа, купи стан“

 

Граѓаните имаат можност од денес до вторник, 28-ми октомври, во времето од 10 до 22 часот, на саемот „Вдоми се во 3 чекори“, во Сити Мол, детално да се запознаат со понудата на елитни еко домови на Адора Инженеринг преку проектот  „Купи куќа, купи стан“.

Адора Инженеринг на саемот “Вдоми се во 3 чекори“ преку проектот „Купи куќа, купи стан“

 

Елитен комплекс А-класа-Аеродром-Парк-Скопје
Модерен комплекс „Адора“-Ново Лисиче-Аеродром-Скопје
Енергетские фикасен објект Билјанини Извори-Охрид

Адора

Поврзани вести

АДОРА СО НОВИ ИСКУСТВА И КОНТАКТИ ВО СВЕТСКАЛА ЛИГА ЗА ВОДОРОД НА САМИТОТ HYDROGEN EUROPE 2024

Многу нови контакти и средби со светската елита во чиј фокус е водородот, најнови сознанија за глобалните трендови во производство на зелена енергија и стремеж

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ