Адора инженеринг се претставува на вториот саем „Купи куќа, купи стан“ што до 28-ми декември се одржува во трговскиот центар Рамстор во Скопје, во организација на министерството за финансии, градежните компании и банките.
Проф. д-р Ванчо Чифлиганец, ген. дир. на Адора инженеринг, порача дека компанијата која досега преку овој владин проект има продадено преку 50 висококвалитетни еко домови и натаму ќе го поддржува проектот во интерес на граѓаните и сите субјекти во градежништвото. Д-р Чифлиганец објави дека Адора инженеринг со продажбата на околу 300 елитни станови годинава, оствари пораст од 10 до 20 % во споредба со продажбата во 2013-та година. Растечкиот тренд се должи на посветената работа на сите вработени, следењето на новите технологии и европските стандарди за сигурно, квалитетно и економично домување во енергетските домови А-класа, на добрата соработка со банките, ниските каматни стапки и привлечните стабените кредити, како и на поволната бизнис клима во градежништовото и високоградбата во Македонија.
Вицепремиерот и министер за финансии м-р Зоран Ставрески порача дека овој саем го зголемил интересот кај граѓаните за проектот „Купи куќа, купи стан“, проект кој со државните субвенции при купување нов дом им заштедува 14.000 евра.
Адора инженеринг учествува на вториот саем „Купи куќа, купи стан“ во Скопје
На вториот саем „Купи куќа, купи стан“ во Скопје има бројни награди за посетителите, меѓу кои и телевизор што го обезбеди Адора инженеринг во наградната игра „Среќна табла“.