НОВОСТИ

НОВОСТИ

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ УЧЕСТВУВА НА ВТОРИОТ САЕМ „КУПИ КУЌА, КУПИ СТАН“ ВО РАМСТОР-СКОПЈЕ

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ УЧЕСТВУВА НА ВТОРИОТ САЕМ „КУПИ КУЌА, КУПИ СТАН“ ВО РАМСТОР-СКОПЈЕ

Адора инженеринг се претставува на вториот саем „Купи куќа, купи стан“ што до 28-ми декември се одржува во трговскиот центар Рамстор во Скопје, во организација на министерството за финансии, градежните компании и банките.

Проф. д-р. Ванчо Чифлиганец и вицепремиерот м-р Зоран Ставрески на штандот на Адора инжееринг на вториот саем „Купи куќа, купи стан“ во Скопје

Проф. д-р Ванчо Чифлиганец, ген. дир. на Адора инженеринг, порача дека компанијата која досега преку овој владин проект има продадено преку 50 висококвалитетни еко домови и натаму ќе го поддржува проектот во интерес на граѓаните и сите субјекти во градежништвото. Д-р Чифлиганец објави дека Адора инженеринг со продажбата на околу 300 елитни станови годинава, оствари пораст од 10 до 20 % во споредба со продажбата во 2013-та година. Растечкиот тренд се должи на посветената работа на сите вработени, следењето на новите технологии и европските стандарди за сигурно, квалитетно и економично домување во енергетските домови А-класа, на добрата соработка со банките, ниските каматни стапки и привлечните стабените кредити, како и на поволната бизнис клима во градежништовото и високоградбата во Македонија.

Министерот за финансии м-р Зоран Ставрески со генералниот менаџер на Адора инженеринг проф. д-р Ванчо Чифлиганец на вториот саем „Купи куќа, купи стан“ во Рамстор-Скопје

 Вицепремиерот и министер за финансии м-р Зоран Ставрески порача дека овој саем го зголемил интересот кај граѓаните за проектот „Купи куќа, купи стан“, проект кој со државните субвенции при купување нов дом им заштедува 14.000 евра.

 Адора инженеринг учествува на вториот саем „Купи куќа, купи стан“ во Скопје

На вториот саем „Купи куќа, купи стан“ во Скопје има бројни награди за посетителите, меѓу кои и телевизор што го обезбеди Адора инженеринг во наградната игра „Среќна табла“.

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ