НОВОСТИ

НОВОСТИ

ПОДГОТОВКИ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ КАМЕН ТЕМЕЛНИК НА СПОМЕНИКОТ ЗА ВОДИЦИ ВО ОХРИД

ПОДГОТОВКИ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ КАМЕН ТЕМЕЛНИК НА СПОМЕНИКОТ ЗА ВОДИЦИ ВО ОХРИД

На брегот на Охридското Езеро, кај градското пристаниште во Охрид, започнаа подготвителните работи, со копање на теренот, за поставување камен темелник на новото спомен обележје посветено на големиот христијански празник  Богојавление-Водици. На средбата на донаторот на споменикот, Кумот на Водици Охрид-2012, проф. д-р Ванчо Чифлиганец и главниот градежен инженер во Стефан Орачески со претставници на општина Охрид и здружението Богојавление, договорено е во петок, на 31-ви јануари, на верскиот празник Свети Атанасиј, во 12 часот, камен темелникот да биде поставен со свечен чин на осветување од стана на свештеници на МПЦ, сегашниот кум на Водици, охридскиот градоначалник д-р Никола Бакрачески и донаторот, проф. д-р Ванчо Чифлиганец, генерален директор на Адора Инженеринг. Споменикот за Водици, кој ќе биде во духот на традициите на најмасовата прослава на Богојавление во овој дел на православието, е дар за граѓаните, туристите, Охрид  и Македонија како ново автентично и атрактивно обележје во центарот на Балкансиот Ерусалим.

 Донаторот, проф. д-р Ванчо Чифлиганец, Кум на Водици 2012 во посета на локацијата за споменикот во Охрид

Идејно решение на спомен обележјето за Водици во Охрид

 

 

 

 

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ