Паричката за Василица во Адора инженеринг падна кај Катерина Коршул, менаџер за продажба и недвижности

Катерина Коршул, менаџер за продажба и недвижности, денес е најсреќна во Адора инженеринг, со паричката што ѝ се падна во традиционалното делење на василичарската пита, на првиот ден од Православната нова година по јулијанскиот календар. Според верувањето, Катерина ќе ја следи здравје, среќа и  бериќет со убавини во годината што претстои.

Питата, што ја обезбеди стариот кум за Василица, главниот градежен инженер Стефан Орачевски, на сите вработени со еднакви парчиња им ја подели ген. дир. проф. д-р Ванчо Чифлиганец. Среќната Катерина Коршул, во чие парче беше паричката, од менаџментот на Адора инженеринг доби златник со ликот на Свети Јован Крстител и симболична парична награда, како и честитки од колегите со желби за многу среќа, лични и професионални успеси со бериќет за нејзиното семејство и компанијата Адора инженеринг.

Генералниот директор на Адора инженеринг дир. проф. д-р Ванчо Чифлиганец, посакувајќи среќа да ја следи Катерина Коршул и сите вработени во компанијата, изрази задоволство од оваа убава традиција со која се одбележува големиот православен празник посветен  на Свети Василиј Велики, кој го означува почетокот на Новата година по јулијанскиот календар, со што се негуваат релациите меѓу вработените, кои често заедно ги слават празниците и ги чествуваат значајните поводи и датуми. 

Archive