Адора инженеринг по традиција на Водици во Охрид

Традиционално, генералниот директор на Адора инженеринг проф. д-р Ванчо Чифлиганец со менаџментот на компанијата и годинава на празникот Водици беше во Охрид, каде учествуваше во сите свечености на Богојавленското  празнување. Кумот на Водици Охрид-2012 година, д-р Чифлиганец присуствуваше на примопредавањето на кумството, го следеше чинот на фрлањето на светиот крст по големиот Охридски водосвет, се сретна со новите кумови балканската музичка ѕвезда Жељко Јоксимовиќ и бизнисменот Зоран Милевски, на кои им подари реплика од црквата Свети Јован Крстител и книгата „Можеш и ти“, го даруваше фаќачот на крстот Цветан Мицкоски, другаруваше со охриѓани и гостите, ја снимаше емисијата Тв Профил за љубовта кон Охрид и подигнувањето  на спомен-обележјето за Водици, со што древната Богојавленска традиција во Балканскиот Ерусалим годинава доби и свој атрактивен симбол. Васко Паскали и Спасе Стојанов, вработени во Адора инженеринг, се искапија за здравје и бериќет во осветните води на Охридското Езеро, со што ја продолжија традицијата на вработените во оваа градежна компанија кои секоја година се капат на  Богојавление во Охрид.

 

Archive