НОВОСТИ

НОВОСТИ

ПОСТАВЕНА Е ВТОРАТА ПЛОЧА НА НОВИОТ ЕЛИТЕН ОБЈЕКТ „АЕРОДРОМ-ПАРК 2“ ВО СКОПЈЕ

ПОСТАВЕНА Е ВТОРАТА ПЛОЧА НА НОВИОТ ЕЛИТЕН ОБЈЕКТ „АЕРОДРОМ-ПАРК 2“ ВО СКОПЈЕ

Градежната компанија Адора Инженеринг ја постави плочата над второто  ниво на гаражниот подрумски простор, на новиот елитен станбено-деловен објект „Аеродром Парк 2“ кој интензивно се гради во станбениот комплекс „Адора“, општина Аеродром, Скопје, како нов градителски рекорд на компанијата. 

Шест дена по работите на темелната плоча, вредната градежна оператива на Адора Инженеринг ја бетонира и армира плочата над второ ниво на гаражниот подрумски простор, во која се вградени 60 тони железо и 300 м³ висококвалиотетен бетон од цементарница УСЈЕ, со цврстина на бетон од  30 до 40 МБ. Во тек се работите на оплатирање на ѕидовите и столбовите на првиот гаражен подрумски простор, што се реализира со висока стручност, експресна брзина и повеќечасовна посветена работа на целиот тим, предводен од  раководителот на објектот градежниот инженер Стефан Орачески и одговорните раководители Вангел Ташовски, Блажо Манаилов, Миле Крстев и Миле Јовановски.  

Според зацртаната динамика на работа, се планира на почетокот на декември да биде поставена последната плоча на објектот, до почетокот на Новата 2015-та година градбата да биде во фаза на карабина, со што објектот „Аеродром Парк 2“ треба да биде целосно изграден пред поставениот рок. Вредните градители на Адора Инженеринг со овој проект ќе  постигнат нов градителски рекорд и на купувачите ќе им овозможат во најбрз рок да имаат нов дом, со врвна докажана сигурност, квалитет по најновите европски  стандарди и енергетски пасош А-класа, за долгорочна економичност и повеќекратна заштеда на енергија и пари.

Новиот, трет елитен станбено-деловен објект што Адора Инженеринг го гради во срцето на општина Аеродром, до меѓународната железничка и автобуска станица, 15-тина минути пеш до строгиот центар на Скопје, ќе биде деветкатница со елитни  еко станови, луксузни деловни простории и модерни паркиралишта, под поволни услови достапни за граѓаните.  

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ