НОВОСТИ

НОВОСТИ

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ПОДДРЖУВА БЕСПЛАТНА AUTOCAD ОБУКА И ПОДГОТВИТЕЛНА ОБУКА ЗА ПОЛАГАЊЕ ACU ИСПИТИ

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ПОДДРЖУВА БЕСПЛАТНА AUTOCAD ОБУКА И ПОДГОТВИТЕЛНА ОБУКА ЗА ПОЛАГАЊЕ ACU ИСПИТИ

Со поддршка во организирањето на бесплатна Autocad обука и подготвителна обука за полагање Acu испити, Адора инженеринг во соработка со Семос Едукација се придружи на глобалната кампања на Autodesk за сертификација на знаењата на студентите и едукаторите. На тридневните обуки што започнуваат на 24-ти јуни, со стручниот предавач Мирослав Клампфер, Адора инженеринг обезбеди 12 бесплатни ACU испити за 12 најдобри кандидати, Семос Едукација обезбеди бесплатна подготвителна обука за полагање на ACU испити за 12 кандидати, а Autodesk обезбеди бесплатен софтвер за едукатори и студенти. До 20-ти јуни, пријавите се доставуваат во Семос Едукација, а секој професор може да го предложи својот најдобар студент и заедно да ја следат бесплатната обука и бесплатно да полагаат испит. Обуката за најдобрите 12 кандидати кои ќе бидат избрани по пат на прелиминарно тестирање е единствена можност, наменета за едукатори, студенти и професионалци кои имаат минимум една година искуство во работа со AutoCAD. Во текот не летниот период, ќе се организираат и други Autodesk кампањи, кои имаат цел поинтензивно користење на Autodesk програмите и сертификација на овие знаења. Поддршката за полагањето на 12-те бесплатни ACU испити е во рамките на општествено одговорните активности на градежната компанија Адора инженеринг и поддршката што за образованието и науката во Македонија, ја дава Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец. Пријавување и повеќе информации на линкот.   logoa

Адора

Поврзани вести

АДОРА СО НОВИ ИСКУСТВА И КОНТАКТИ ВО СВЕТСКАЛА ЛИГА ЗА ВОДОРОД НА САМИТОТ HYDROGEN EUROPE 2024

Многу нови контакти и средби со светската елита во чиј фокус е водородот, најнови сознанија за глобалните трендови во производство на зелена енергија и стремеж

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ