Адора инженеринг е една од најнаградуваните македонски компании со над 60 добиени интернационални и национални признанија. Меѓународното реноме на компанијата е потврдено со 10 престижни интернационални награди доделени во Амстердам, Дубровник, Монте Карло, Париз, Мадрид и Виена од авторитетни светски асоцијации и организации. Компанијата има добиено повеќе од 50 национални признанија: за македонски квалитет, за одржлив развој, инвеститор на годината, прв градежен супербренд во државата, најеколошка и најпопуларна градежна компанија, 16 признанија за најдобри општествено одговорни практики, 8 за изградба на еко домови, 5 за вложување во заедницата, награда за животно дело, индивидуална и корпоративна филантропија, Свети Климентов орден од прв ред, бројни благодарници.