Flatiron by night (2)

БЕТОНИРАНА ПЛОЧАТА НАД ПРВ КАТ НА КОМПЛЕКСОТ АДОРА FLATIRON СКОПЈЕ

Поставена е плочата над прв кат во новиот станбено-деловен комплекс Адора Flatiron Скопје, во која се вградени 385 м3 бетон со цврстина МБ 35 и 50 тони железна арматура. Оваа брза и квалитетна градба на најновиот атрактивен станбено-деловен комплекс кој ќе го донесе урбаниот дух на светскиот центар Њујорк во централното подрачје на Скопје и ќе стане ново препознатливо обележје во македонската метропола и Балканот е резултат на посветената работа и високопрофесионалниот ангажман на стручниот тим градители, инженери и вредни работници, под постојана контрола на проф. д-р Ванчо Чифлиганец, генералниот директор на Адора инженеринг. Адора Flatiron Скопје нуди голем избор на високостандардни станови од 31 до 260 м² и ексклузивни деловни простории од 45 до 1773 м², во објект со впечатлива надворешност и модерно декориран ентериер со застаклен двор-атриум со природна светлина, три влеза и шест екстра брзи лифтови. Комплексот има прекрасен панорамски поглед на Скопје и е лоциран на само 1 км и 10 минути пеш од строгиот центар на македонската метропола, со лесен пристап од два булевари на почетокот на општина Кисела Вода. За становите и деловните простории во Адора Flatiron Скопје, кој има лист за предбележување на градба бр. 56610, има голем интерес од страна на купувачите, за кои има најповолни услови за станбено кредитирање во банките и нови изненадувања од Адора инженеринг, што на граѓаните секогаш им нуди повеќе од ДОМ.

P1050248 P1050263 DSCN0594 GOPR7933 Flatiron by night (2)

 

 

Архива