НОВОСТИ

НОВОСТИ

ИЗИИС, ДЕЛОВНИОТ ПАРТНЕР НА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ДОБИ „ОРДЕН ЗА ЗАСЛУГИ ЗА МАКЕДОНИЈА“

ИЗИИС, ДЕЛОВНИОТ ПАРТНЕР НА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ДОБИ „ОРДЕН ЗА ЗАСЛУГИ ЗА МАКЕДОНИЈА“

Институтот за земјотресно инженерство и сеизмологија ИЗИИС, со кој Адора инженеринг успешно соработува во докажувањето на сеизмичката стабилност на објектите, доби „Орден за заслуги за Македонија“ од претседателот на државата д-р Ѓорѓе Иванов, за големиот придонес во градењето сеизмички побезбедна иднина. Адора инженеринг ја споделува радоста за добиеното признание на ИЗИИС, што е потврда на взаемните заложби за ангажирање на целиот научен, стручен, истражувачки и иноваторски потенцијал за остварување на заедничката цел, заштита, превенција и обезбедување на човечкиот живот како најголемата вредност што постои. Претставници на менаџментот на Адора инженеринг присуствуваа на свеченоста на доделувањето на високото признание на ИЗИИС, потврдениот македонски бренд во земјотресно инженерство и сеиозмологија, со кој и во иднина оваа градежна компанија, како прва и единствена во самостојна Македонија, со вештачки земјотрес ќе ја докажува врвната сеизмичка стабилност на своите станбени објекти, како гаранција за безбеден живот и спокоен сон на граѓаните. DSC_0117 DSC_0115 Veshtacki zemjotres 2 (3)  

Адора

Поврзани вести

ПРЕД 10 ГОДИНИ ОСВЕТЕНА ЦРКВАТА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ ВО АЕРОДРОМ ЧИЈ КТИТОР Е ПРОФ. Д-Р ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ

Пред десет години, на 14 јуни 2014, со голем црковно-народен собир беше осветен и свечено отворен православниот храм „Свети Јован Крстител“ во Општина Аеродром, кај

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

АДОРА СО НОВИ ИСКУСТВА И КОНТАКТИ ВО СВЕТСКАЛА ЛИГА ЗА ВОДОРОД НА САМИТОТ HYDROGEN EUROPE 2024

Многу нови контакти и средби со светската елита во чиј фокус е водородот, најнови сознанија за глобалните трендови во производство на зелена енергија и стремеж

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ