НОВОСТИ

НОВОСТИ

СО БЕТОНИРАЊЕ НА ТЕМЕЛНАТА ПЛОЧА ПОЧНА ДА СЕ ГРАДИ ОБЈЕКТОТ АЕРОДРОМ КРУЖЕН ТЕК ВО СКОПЈЕ

СО БЕТОНИРАЊЕ НА ТЕМЕЛНАТА ПЛОЧА ПОЧНА ДА СЕ ГРАДИ ОБЈЕКТОТ АЕРОДРОМ КРУЖЕН ТЕК ВО СКОПЈЕ

Денеска, со бетонирање на темелната плоча од страна на стручниот високопрофесионален тим на Адора инженеирнг, започна да се гради новиот станбено-деловен објект Аеродром-Кружен тек во комплексот објекти Адора на почетокот на општина Аеродром, на само 10 минути пеш од главниот плоштад Македонија во Скопје. На првиот ден од градбата, во темелната плоча се вградени 1.000 м³ бетон МБ 30 и 110 тони железна ребреста арматура, што е цврста основа за изградба на стабилен објект, кој според стандардизираната методологија на градба на Адора инженеринг е со врвна сеизмичка безбедност, докажана со вештачки земјотрес. Аеродром-Кружен тек проектиран на десет ката, нуди голем избор на квалитетни функционални станови со површина од 34 до 84 м², ексклузивни деловни простории од 51 до 73 м², со можност за спојување и 136 модерни паркиралишта на две подземни нивоа и партер, а со одличната енергетска ефикасност А-класа објектот на станарите ќе им заштедува енергија за греење и ладење до 6 пати, споредено со поранешниот станбен фонд во Македонија. Станбено-деловниот објект Аеродром Кружен тек, кој се гради наспроти здравствената поликлиника Јане Сандански, црквата Св. Илија и детската градинка Изворче, во близина на меѓународната железничка и автобуска станица, со лесен пристап до главните сообраќајници, значајни институции и центри во општина Аеродром и Скопје, на граѓаните им нуди можност под поволни услови да станат сопственици на дом со европски квалитет и луксузен деловен простор за успешен бизнис во близина на централната урбана зона на македонската метропола. image-2ea58d4e64ddbcb9bd68d281d4431d57e74eedd028513a2dd6c5601b6f50814d-V render Aerodrom Kruzen tek mapa-so-sliki--kruzen-tek

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ