НОВОСТИ

НОВОСТИ

АДОРА АПЕЛИРА ДА БИДЕМЕ ХУМАНИ И ВО ОВА ТЕШКО ВРЕМЕ ЗА БИЗНИС И ЖИВОТ

АДОРА АПЕЛИРА ДА БИДЕМЕ ХУМАНИ И ВО ОВА ТЕШКО ВРЕМЕ ЗА БИЗНИС И ЖИВОТ

Адора Бизнис Групацијата, и покрај исклучително тешката 2022 година и големите предизвици со кои се соочува модерното општество на мировен, макро, микро економски и општестен план, остана доследна на општествено одговорната, филантропска традиција и продолжи со поддршка на младите, образованието, спортот, културата и ранливите лица во годината зад нас.

„Предводени од мотото дека вистинскиот успех на компаниите се мери според квалитетот на општеството кој умеат да го постигнат во средините во кои што делуваат и фактот дека успешните бизниси и филантропијата одат рака под рака, тврдам дека доколку работиме повеќе и подобро, со средства обезбедени со фер и коректен бизнис, ќе можеме и повеќе да ја помагаат заедницата. Парите не купуваат среќа, но живееме во монетарно општество каде финансиите се неопходни за остварување на животните потреби, за детски насмевки, академски дострели, остварување на спортски соништа, хумани акции и успеси во културата“, вели Душко Чифлиганец, заменик претседател на Адора Бизнис Групацијата, кој истакнува дека успешната филантропска мисија во 2022, во добар дел е финансирана од проектот кој овој интернационален бренд го реализира на Златибор, Србија, со оглед дека последните години не се баш сјајни од аспект на градежништвото, што е примарна дејност на Адора, поради мораториумот и низа други деловни неповолности во Македонија.

Меѓу CSR активностите на Адора и Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец во 2022, се донацијата на училишни ранци со прибор за сите 280 првачиња во Радовиш, хуманите акции за корисниците со попреченост во развојот во центарот „Крик“ и децата со даунов синдорм од „Трисомија 21 Скопје“. Продолжи поддршката на повеќе млади таленти и спортисти од Македонија и Србија, како БК Бучим Јака, пливачки „Талент куп“ и Центарот за боречки спортови „Работнички Адора“, чиј подмладок лани освои 24 највисоки медаљи на државни и меѓународни кик бокс првенства. Адора е горда на своите атлети, 4-кратниот светски и европски првак во кик-бокс Димитар Ѓоргиев, најуспешниот кик боксер во Македонија, кого го поддржува 10 години и најмладиот, најуспешен мото крос возач Антонио Дамјановски, златна кацига на Македонија, кој под покровителсто на Адора во 2022 е прогласен за државен шампион во мото крос MX2 со освоени 15 триумфи на државни и меѓународни шампионати. Адора повеќе години го поддржува Слободан-Цобо Ивчевски, еден од најискусните и најуспешни брзински мото крос возачи во Македонија, со 27 годишна впечатлива кариера и над 100 забележани успеси. Во Србија, Адора во 2022 ги поддржа голманскиот камп Милан Борјан, Tribalion трките и фудбалскиот клуб Златибор. Адора беше генерален спонзор на концертот на ДНК по повод 20 годишниот јубилеј на оваа музичка група, еден од најзначајните настани во македонската култура во 2022.

Со апел сите секогаш да помагаме според можностите, од Адора порачуваат дека нивната скромна филантропска мисија од срце, не би се остварила без вработените, клиентите и сите соработници изминатите две децении.

Адора

Поврзани вести

ПРЕД 10 ГОДИНИ ОСВЕТЕНА ЦРКВАТА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ ВО АЕРОДРОМ ЧИЈ КТИТОР Е ПРОФ. Д-Р ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ

Пред десет години, на 14 јуни 2014, со голем црковно-народен собир беше осветен и свечено отворен православниот храм „Свети Јован Крстител“ во Општина Аеродром, кај

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

АДОРА СО НОВИ ИСКУСТВА И КОНТАКТИ ВО СВЕТСКАЛА ЛИГА ЗА ВОДОРОД НА САМИТОТ HYDROGEN EUROPE 2024

Многу нови контакти и средби со светската елита во чиј фокус е водородот, најнови сознанија за глобалните трендови во производство на зелена енергија и стремеж

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ