Адора Бизнис Групација на сите свои вработени, купувачи, соработници, клиенти и пријатели, им ја честита Новата 2022-ра година со желби таа да биде во знакот на доброто здравје, убавите, среќни и релаксирани моменти со најмилите, многу нови идеи и амбиции и остварени лични, семејни, професионални и колективни успеси.
Со поглед напред, полн со соништа, надежи, оптимизам, благодарност и посветеност кон себеси и своите ангажмани, посакуваме, заедно обединети, да создадеме амбиент за подобар живот, на кој ќе сме горди ние и идните генерации.
Адора Бизнис Групација, која оваа година одбележува 20 години постоење и успешен развој, работи на реализација на нови бизнис предизвици, продолжувајќи ја дведецениската традиција на вложување во општестевно одговорните проекти, градејќи попросперитетна и посреќна иднина на граѓаните, локалните заедници и општеството во целина.
Среќна Нова 2022-ра драги наши пријатели и весели празници, полни со топлина, ведар дух, благословеност и среќа!
