Затворајќи ја вратата на една година полна со предизвици, тешкотии и кризи, би сакале заедно да ја отвориме вратата на една поубава, посреќна, поздрава и поуспешна нова година.
Адора Бизнис Групација на своите вработени, клиенти, купувачи, соработници, пријатели и на сите граѓани им посакува среќни празници, со желби Новата 2023 година да биде бериќетна со убавини, успеси и нови вредни достигнувања. Новата година нека ни донесе убави лични, професионални, колективни и општествени достигнувања, на кои ќе бидеме горди сите, нека внесе нов повисок квалитет во нашиот живот и нека го обои светот во поубави и повесели бои.
Здравје, мир, среќа и напредок кај сите во Новата 2023 година!