Veligden_cestitka_2020

АДОРА ИМ ГО ЧЕСТИТА ПРАЗНИКОТ ВЕЛИГДЕН НА СИТЕ ПРАВОСЛАВНИ ХРИСТИЈАНИ

Со поздравот „Христос воскресе, Навистина Восекресе“, Адора инженеринг им го честита празникот на Христовото воскресение, Велигден, на сите православни христијани, МПЦ-ОА, вработени, соработници, клиенти, купувачи, пријатели. Празникот над празниците нека не обедини сите со иста молитва за добро здравје, сила и истрајност, да се справиме со големите предизвици и да излеземе од оваа криза како победници, вдахновени од Христовата победа над смртта!
Празнувајќи го во сосема поинаков амбиент празникот кој е симбол на вечниот живот, секој во домот со најблискиот, но заедо во мислите и желбите, порачуваме, надежта во подобро утре да ни биде поттик да истраеме и заедно да се избориме за добро лично и добро јавно здравје, за побрзо пребродување на здравствената и економска криза предизвникана од глобалното зло, вирусот Covid – 19, со верба дека сé поминува и по лошото добро доаѓа.
За многу години Велигден, со многу убавини!

#СедиДома #ЧувајЗдравје #ЌеБидеСеДобро

Архива