Адора им го честита празникот Велигден на православните христијани

Со традиционалниот поздрав „Христос воскресе – Вистина воскресе“, Адора Бизнис Групацијата им го честита празникот Велигден на сите православни христијани, вработени, купувачи, соработници и пријатели.

Тајната на Христовото воскресение и победата на животот над смртта нека ни донесе здравје, мир и смиреност, трпение, грижа за ближните и создавање добри дела кои ќе сведочат за нашата вера, надеж и љубов. Компанијата, која годинава одбележува 20 години успешна работа, порачува со богољубието, човекољубието и мудроста, да си го направиме живот поубав и посреќен. Заедно сплотени и единствени да си ја чуваме татковината, нашата Македонија и со почит кон минатото, да си обезбедиме посветла иднина!

За многу години Велигден! Да сме живи, здрави и среќни!

Архива