Адора Flatiron Скопје
Адора Diаmond Garden
Аеродром црква 3
Сакам да купам СТАН

Новости

21/05/2019

На Виенскиот економски форум 2019, што се одржа со Еврокомесарот Јоханес Хан, македонскиот премиер Зоран Заев, вицепремиерот Кочо Анѓушев и бизнисмени од реномирани компании, меѓу учесниците беа д-р Драгана Д. Чифлиганец и Душко Чифлиганец од топ менаџментот на Адора инженеринг.

Претставниците на Адора остварија директни средби и разговори со потенцијалните инвеститори од различни бизнис сфери, на чија мапа е ставена Република Северна Македонија, за проширување на нивната дејност, а се запознаа и со спојот на образованието и стопанството преку посета на дуално стручно училиште. Пораката од Виенскиот бизнис форум е дека Република Северна Македонија е позитивен пример во Западниот Балкан што предизвикува големо внимание и интерес за проширување на производството на компаниите со австриски капитал, пред кои на форумот беа претставени потенцијалите и можностите за влез на странски инвестиции во нашата држава.