НОВОСТИ

НОВОСТИ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ во годинешното издание.

Во електронските објави и печатеното издание на едицијата кое само што излезе на македонски и англиски јазик, пишува дека Адора инженеринг очекувано, потворно се најде на листата на 200 НАЈУСПЕШНИ, заземајќи го 36то место на листата на најуспешни компании во Македонија во 2022ра година, забележувајќи скок од дури 41 места во споредба со 2021ва година.

Во печатената едиција која дава интегрална слика за состојбата на пазарната економија во државата, ќе прочитате дека со потписот на Адора досега се изградени 40 репрезентативни станбено-деловни објекти во Македонија, Србија и Грција, со 3.000 домови и 13.000 жители на површина од 400.000 m², во кои се инвестирани над 415 милиони евра. Како најнов проект кој е пуштен во употреба годинава го споменуваат комплексот на Златибор, автентичниот апарт хотел 21st Century Zlatibor Residence, Spa & Wellness by Adora, кој воедно е прв пионерски проект на овој бренд во Србија. Напоменато е и дека компанијата со интернационално реноме, моментално го гради станбено деловниот објект Thessaloniki 21, лоциран во урбаното срце на Солун, Грција, каде на Егејско Море се изградени бутик хотелот B&D Luxury Suites на островот Тасос и луксузните вили во Криопиги, на првиот крак на Халкидики.
Покрај градежништвото како примарна дејност, Адора Бизнис Групацијата е претставена како респектиран акционер во банкарско-финансискиот и енергетскиот сектор. На 21та годишнина од постоењето како лидер во високата градба, во годинешната едиција ТОП 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ, Адора најавува дека се подготвува на најатрактивната локација во Скопје да изгради нов станбено-деловен комплекс, достоен да го краси срцето на главниот град на Македонија.

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Со акцијата „Во спомен на Биби“, Адора обезбеди преглед на дојка за сите свои вработени жени

Под мотото „Свесни сме“, Адора Бизнис Групацијата организирано се придружи на розовиот октомври, месецот посветен на подигнување на свеста кај жените, за заедничка борба против

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора со хотелот на Златибор се најде на најпрестижните блогови за архитектура и дизајн во светот

„21st Century Zlatibor е уникатен кондо хотел лоциран во прекрасниот Златибор, во срцето на српските планини. Изграден од регионално реномираната Адора Бизнис Групација, тој е

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ