НОВОСТИ

НОВОСТИ

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ВО 2017 ДОБИТНИК НА ТРИ НАЦИОНАЛНИ НАГРАДИ ЗА НАЈДОБРИ ОПШТЕСТВЕНО ОДГОВОРНИ ПРАКТИКИ

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ВО 2017 ДОБИТНИК НА ТРИ НАЦИОНАЛНИ НАГРАДИ ЗА НАЈДОБРИ ОПШТЕСТВЕНО ОДГОВОРНИ ПРАКТИКИ

1Адора инженеринг денес доби три национални признанија на 10-тата јубилејна манифестација на која министерството за економија и координативното тело ги доделија националните награди за најдобри општествено одговорни практики на македонските претпријатија 2017-та. Компанијата која паралелно со успешниот развој во високата градба, 15 години гради традиција на препознатлива општествена одговорност, ги доби највисоката награда меѓу големите компании, статуетка за однос кон животната средина, плакета за вложување во заедницата и јубилејна награда за најголем број добиени награди за најдобри ОПП во изминатата деценија. „Седмата по ред награда во категоријата Заштита на животната средина, Адора инженеринг годинава ја доби за долгорочниот проект „Со еко домови 15 години градиме зелени градови во Македонија“ за иновативниот приод во изградбата на енергетски ефикасни домови со природна светлина, органска фасада и без бучава, со цел да им овозможиме на купувачите комфорно, здраво и штедливо домување и да ја заштитиме животната средина од еко и звучно загадување. Како потврда за повеќекреатната заштеда на енергија за греење и ладење купувачите ќе добијат енергетски пасош А-класа, а за одличната звучна изолација која е далеку над македонските стандарди, станарите во новиот  објект Адора Flatiron во срцето на Скопје, за прв пат во Македонија ќе добијат сертификат за акустичен комфор, гаранција за мирно и спокојно домување во урбаното јадро на метрополата“, порача Душко Чифлиганец, заменик генерален директор на Адора инженеринг. Тој по примањето на статуетката најави дека компанијата предводник во изградбата на енергетски ефикасните домови во Македонија, продолжува посветено и одговорно со унапредување на еко домовите во Дијамантската градина на Адора-АдораDiamond Garden во скопски Карпош, носејќи го светскиот тренд на зеленото домување во Македонија. 3 „Во категоријата Вложување во заедницата, годинава Адора инженеринг го доби 5-тото национално признание за најдобри ООП, овој пат за еден многу благороден хуман проект „Нов дом за безгрижна старост на Трајкови во Дедино“, со што на Ивана и Јован, Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец им помогна да се вратат во нов сигурен и топол дом, изграден над пепелот на нивната изгорена куќа во Дедино, Општина Конче. Идејата за овој проект дојде по медиумското објавување на оваа потресна сторија што во Адора инженеринг не поттикна да им подигнеме нов модерен и квалитетен дом над изгореното семејно огниште, со цел немоќните стари луѓе Ивана и Јован да имаат пристоен живот и достоинствена старост“, изјави проф. д-р Ванчо Чифлиганец, генерален директор на Адора инженеринг кој истакна дека проектот се темели на хуманоста и солидарноста на луѓето за што има традиција на овие простори, каде и нашите претци опстанале благодарние на взаемното помагање на луѓето во невоља. 2 Адора инженеринг во 15 годишното постоење има издвоено околу 3 милиони евра за реализација на општествено корисни проекти, во кои има вложено многу љубов за изградба на подобро, поздраво, посреќно и похумано општество со еднакви можности за сите, за што од страна на министерството за економија има добиено 15 национални награди за најдобри општествено одговорни практики во различни категории. 6 5 9

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ