АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ГО ДОБИ 9-ТОТО НАЦИОНАЛНО ПРИЗНАНИЕ ЗА ИЗГРАДБА НА ЗДРАВИ ЕКО ДОМОВИ ЗАШТИТЕНИ ОД БУЧАВА

На Адора инженеринг ѝ е доделено деветтото национално признание од министерството за економија за најдобри општествено одговорни практики за одговорен однос кон животната средина за проектот „Со традиционално неимарство до здрав современ дом“. Наградата е добиена за изградба на најновиот станбен објект „Црква 3“ во општина Аеородром, Скопје, каде градителите на Адора инженеринг, со традиционално ѕидарство, користејќи традиционални и современи материјали и технологии, изградија нови, поквалитетни, потивки и поздрави еко домови. Признанието е резултат на постојаното истражување на стручните кадри на Адора инженерин за развивање, унапредување, надградување и усовршување на квалитетот на изградените објекти и домови, особено во делот на енергетската ефикасност и звучната изолација.
„За нас компаниите од особено значење е кога некој ги препознава и вреднува нашите напори за создавање одржлив иновативен бизнис од корист на целата заедница. Специјално, за новиот станбен објект, „Црква 3“, креиравме нов состав на сендич ѕид помеѓу два соседни стана и стан и заеднички коридор (ходник), базиран на маса и тежина (два слоја ќерамички блок) и три слоја изолациони материјали, за да добиеме подобра звучна изолација. Испитувањата од страна на акредитираната лабораторија Амбикон на Факултетот за природни и технички науки при Универзитетот Гоце Делчев, Штип, покажаа вредносни параметри на воздушна и ударна звучна изолација кои ги задоволуваат дури и највисоките европски стандарди за звучна изолација во станбените објекти. Тоа е потврда дека успеавме во пионерските заложби, при непостоење на национална регулатива, да воведеме подобар акустичен комфор во домовите, збогатувајќи го објектот „Црква 3“ со зелен парк оплеменет со стотина дрвја и урбана опрема, за релакасација на станарите, во духот на нашата 18 годишна традиција“.- вели проф. д-р Ванчо Чифлиганец, генерален директор на Адора инженеринг.
Деветтото по ред признание доделено за долгорочниот проект за изградба на еко домовите е дел од 17 национални признанија што Адора инженеринг ги има добиено за најдобри општествено одговорни практики изминатите 10 години.

Архива