IMG_0527

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ГРАДИ НОВИ ДОМОВИ- АДОРА FLATIRON СКОПЈЕ И АЕРОДРОМ КРУЖЕН ТЕК

Високопрофесионалниот градежен тим на Адора инженеринг ја постави плочата над петти кат на ексклузивниот комплекс Адора Flatiron Скопје, во централната урбана зона на македонската метропола. Зградата која ќе го донесе духот на Њујорк во нашиот главен град и Македонија, полека но сигурно се извишува и  добива изглед на вистинско  урбано обележје.  Со вградени  390 м3 бетон со цврстина на бетон МБ 35 и 50 тони железна арматура, се потврдува квалитетот, цврстината и сигурноста на градбата, на која  брзо, ефикасно и квалитетно работат вредните градители, инженери и работници, под постојана контрола на проф. д-р Ванчо Чифлиганец, искусен и потврден генерален менаџер на Адора инженеринг. Прекрасен панорамски поглед на Скопје, луксузен ентериер од реномирани дизајнери, застаклен внатрешен двор со природна светлина-атриум, тараси со целосна приватност, се само дел од содржините на оваа несекојдневна зграда. Во меѓувреме се градат и останатите објекти на Адора инженеринг. На најновиот станбено-деловен објект Адора Кружен тек во општината Аеродром, на 10 минути пеш од строгиот центар на Скопје,  се бетонираат  ѕидови и столбови од второто подрумско ниво гаражен простор. Овој објект e проектиран на десет ката и нуди голем избор на квалитетни, функционални, енергетски ефикасни станови А-класа, со површина од 34 до 84 м², ексклузивни деловни простории од 51 до 73 м² и  модерни паркиралишта. Адора инженеринг продолжува активно да гради, а воедно да ги следи и имплементира најсовремените технолошки иновации со цел да им обезбеди висококвалитетно, долгорочно економично и здраво домување на граѓаните кои одлучиле да инвестираат во недвижност од овој градежен бренд.

IMG_0527

IMG_0529

12207796_989616674418057_49992927_n

12226426_989616671084724_2069523287_n

Porta-Adora-Kislea-Voda-2

render Aerodrom Kruzen tek

Архива