Годинава по четврти пат, Радовиш е домаќин на тридневната традиционална манифестација „Самун ем Татлија“ на која викендов присуствуваат голем број гости од Македонија и регионот. Адора инженеринг и оваа година финансиски ја помогна манифестацијата, која ги промовира најстарите радовишки специјалитети и им нуди можност на посетителите да ги вкусат самунот и татлијата. По успешната работа, на заслужена релаксација и заедничко дружење беше и генералниот директор на Адора инженеринг, проф. д-р Ванчо Чифлиганец, кој со дел од вработените во компанијата имаа можност да пробат самун и татлија и уживаа во музиката и изведбата на познати музички артисти. Адора инженеринг и фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец, во духот на општествената одговорност, солидарноста и хуманоста, продолжуваат и понатаму да поддржуваат манифестации и поедници од областа на науката, образованието, спортот и културата и да ја помагаат заедницата во целина.