НОВОСТИ

НОВОСТИ

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ЗАПОЧНА СО ИЗГРАДБА НА РЕКРЕАТИВНИОТ КОМПЛЕКС АДОРА ИЛИНДЕН СКОПЈЕ–ДОМ ЗА ЖИВЕЕЊЕ И НЕГА „ВТОРА МЛАДОСТ“

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ЗАПОЧНА СО ИЗГРАДБА НА РЕКРЕАТИВНИОТ КОМПЛЕКС АДОРА ИЛИНДЕН СКОПЈЕ–ДОМ ЗА ЖИВЕЕЊЕ И НЕГА „ВТОРА МЛАДОСТ“

Градежната компанија Адора инженеирнг, со пригодна свеченост и поставување на камен темелник, денес започна со градба на новиот Рекреативен комплекс Адора Илинден Скопје – Дом за живеење и нега „Втора младост“, во Општина Илинден, Скопје. Комплексот со капацитет за сместување на 150 лица од возрасната популација во Македонија, инвестиција вредна околу 4,5 милиони евра, ќе има соответни содржини за медицинска нега, исхрана, рекреација, спорт и забава, за хумано живеење и достоинствено стареење на граѓаните, според најсовремените светски стандарди. „Возрасните луѓе кои ќе живеат во овој дом ќе имаат европски квалитет на нега, здравствена заштита, рекреација и забава, што ќе ги подмлади во зрелото доба и затоа домот заслужено ќе го носи името „Втора младост“. Адора инженеринг, потврден бренд во високоградбата, денес започнува хуман бизнис, градејќи квалитетно место за живеење на возрасните лица на атрактивна еколошки чиста локација во срцето на општина Илинден, надвор од стресното урбано секојдневие, непосредно до Градот Скопје. Објектот на приземје и пет ката, со бруто развиена површина од 9.000 м², ќе биде изграден според најновите стандарди за безбедно, енергетски ефикасно, квалитетно домување, почитувајќи ги европските трендови за нега и живеење на старите лица, за што ќе биде ангажиран стручен тим од 30-тина врвни професионалци, лекари, медицински сестри, негователки, физиотерапевти, социјални работници, психолози, домаќинки, готвачи, угостителски и спортски работници и кадар кој ќе ја води администрацијата на комплексот“. – порача проф. д-р Ванчо Чифлиганец, генерален директор на Адора инженеринг. „Изградбата на домот за стари лица од страна на инвеститорот и изведувач Адора инженеринг, содржан во локалниот стратешки план за инвестиции и развој на Општина Илинден, претставува репрезентативен комплекс со хумана дејност, од големо значење за жителите на оваа општина. Добрите урбанистички планови и промоцијата на градежните парцели кои ги нуди локалната самоуправа ја овозможија оваа инвестиција на Адора инженеринг, при што за реализација на потенцијалните развојни можности ги следиме барањата и потребите на инвеститорот. Со подготвување патна и комунална инфраструктура која инвеститорите може веднаш да ја икористат за градење и за реализација на зацртаните планови, преку партерно, инфраструктурно и комунално уредување на просторот, ќе создадеме услови домот да живее со сите придружни содржини“.-порача градоначалникот на Општина Илинден Жика Стојановски на почетокот на градба на Домот „Втора младост“, чии темели беа осветени од страна на МПЦ-Охридска Архиепископија.Dom za nega i zdravje - Vtora mladost- 2 DSC_4744 DSC_4811 DSC_4792 DSC_4770 DSC_4829 Dom za nega i zdravje - Vtora mladost- 1

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ