НОВОСТИ

НОВОСТИ

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ЗА СВОИТЕ ДАМИ ОРГАНИЗИРА 8-МО МАРТОВСКО ПАТУВАЊЕ ВО ПАРИЗ

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ЗА СВОИТЕ ДАМИ ОРГАНИЗИРА 8-МО МАРТОВСКО ПАТУВАЊЕ ВО ПАРИЗ

Дамите во Адора инженеринг Меѓународниот ден на жената 8-ми март годинава го одбележаа со незаборавно неколкудневно патување во Париз, еден од најубавите и најинспиративни градови во светот. По успешното претставување на 6-тиот Меѓународен саем на недвижности RealExpo 2016, жените вработени во овој градежен бренд се релаксираа и ги исполнија сетилата со прекрасни чувства, шетајќи се низ европската престолнина на историјата, културата, уметноста, модата и убавината. Дамите од Адора по празникот на работните места се вратија со незаборавни спомени од живописниот разглед на градот на светлината, искачувањето на Ајфеловата кула исткаена од челик и чипка, посетата на древната катедрала Нотр Дам, музејската уметничка ризница Лувр, ноќното романтично крстарење под мостовите на Сена, традиционалната француска вечера во боемскиот Монмартр, забавниот ден во волшебниот Дизниленд и уште многу познати места во француската метропола, што секој миг се доживува како вистински подвижен празник, како што го опишал Париз славниот Хемингвеј. Задоволни, со прекрасни спомени од патувањето и другарувањето во Париз, дамите во Адора, духовно збогатени, освежени и уште поамбициозни, продолжија со извршување на работните ангажмани во компанијата. Адора инженеринг, која има богата традиција на корпоративна општествена одговорност, ги наградува своите вработени за вложениот труд и се грижи за нив како свое најголемо богатство преку континуирана поддршка во стручното усовршување и едукацијата, посета на саеми, обуки и конференции, со организирана исхрана на градилиштата, со поддршка во домувањето и семејството и заеднички прослави на значајни поводи и настани, на задоволство на менаџментот и сите вработени. IMG_8098 Na Sena IMG_8130 IMG_8139 IMG_8187 IMG_8450 IMG_8239 IMG_7918

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ