image-0-02-05-b301fd64d463c378dec2d6b6dd962e84169b6c0fef085f4f0157ec4e70248520-V

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ НА ПРВАТА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ИНВЕСТИЦИИ ВО НЕДВИЖНОСТИ ВО МАКЕДОНИЈА

„На пазарот на недвижностите ќе останат само високите професионалци кои со искреност, посветеност и доверба се однесуваат кон купувачите и најиновативните компании чија цел е да изградат квалитетен дом за граѓаните, а не само да остварат профит“ – е клучната порака на проф. д-р Ванчо Чифлиганец што за иднината на недвижностите ја изнесе на форумот „Трендови, предизвици и можности за инвестиции во недвижности во Македонија“, на Првата конференција за инвестиции во недвижностите во Македонија, денес во Скопје. Пред учесниците на конференцијата, проф. д-р Чифлиганец ја истакна важноста на поволната бизнис клима во високоградбата  и градежниот сектор и приоритетот на Адора инженеринг да гради сеизмички стабилни градби, особено важно за време на земјотреси, со енергетска ефикасност А класа и домови со висок квалитет со примена на современите светски стандарди, како голем предизвик и сериозна одговорност за компанијата. На конференцијата што се одржа во организација на првата електронска аукција во Македонија Е-аукција.мк и Knowledge Center, со поддршка на Адора инженеринг беше заклучено дека пазарот на недвижности во Македонија е во поволен период со забележлив раст на побарувачката на станови, солидна понуда на станови и деловни објекти и релексирани услови за добивање банкарски кредити.

image-0-02-05-b301fd64d463c378dec2d6b6dd962e84169b6c0fef085f4f0157ec4e70248520-V

20161004_101758

image-0-02-05-a6c8592c12294961444ff26340fda61c989857e5cefcfc96f725c138def3cfae-V

20161004_101616

Архива