DSC_0291

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ НА САЕМОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ И КАРИЕРА 2015

Адора инженеринг се претстави на Job fair 2015-Саемот за вработување и кариера, што по традиција се одржа во организација на Бордот на европските студенти по технологија на градежно-архитектонскиот факултет при универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје. Саемот, на кој овој градежен бренд учествуваше по втор пат, мина со голем интерес кај студентите, кои при посетата на штандот на Адора инженеринг, се интересираа за дејноста и понудата и особено за можноста за практична работа и вработување во компанијата. Адора инженеринг е секогаш отворена за нови млади стручни кадри, образовани и подготвени за едукација, специјализација и професионална надградба, за стекнување нови искуства и вештини за следење и примена на современите текови и европски стандарди во работењето на оваа потврдена градежна компанија, лидер во високоградбата во Македонија и регионот.

DSC_0220

image-61e089830a6f4bf5937c240780246f56c89d45b4f20e55e59511f34b12a2a430-VDSC_0291

Архива