НОВОСТИ

НОВОСТИ

Адора инженеринг на јавна лицитација за 9,3 милиони евра го купи имотот на Топлификација АД во стечај – Бизнисот со топлинска енергија оди во домашни раце

Адора инженеринг на јавна лицитација за 9,3 милиони евра го купи имотот на Топлификација АД во стечај – Бизнисот со топлинска енергија оди во домашни раце

Адора инженеринг на јавна лицитација, за 9,3 милиони евра, ги купи Топланите Исток и Запад и најголемиот дел од останатиот имот на Топлификација АД, која е во стечај. Со оваа купопродажба успешно се завршува стечајната постапка на ова претпријатие и се отвара ново светло, поглавје во регулираниот бизнис со производство на топлинска енергија, кој е од државно значење и има директно влијае врз екологијата и целокупниот комфор на живеење на граѓаните во главниот град Скопје. Важен, позитивен аспект од оваа зделка што ја одлучи судбината на досегашниот загубар Топлификација АД, е што регулираниот бизнис со производство на топлинската енергија ќе биде во рацете на сигурна компанија, со целосно домашен капитал и менаџмент, со потврдени деловни успеси во Македонија и со интернационална бизнис репутација.

Душко Чифлиганец, заменик генерален директор на Адора и одговорен за деловниот развој на компанијата во врска со најновиот економски потег изјави:

„Во сите бизнис полиња и аспекти каде што Адора е деловно присутна, работиме со примарна цел да ги унапредиме истите и во нив да внесеме иновативност, про-активност и прогресија. Во сите наши деловни активности, работиме според најновите глобални методи, трендови и стандарди и наша примарна цел е да бидеме позитивен економски пример во гранките во кои делуваме. Сметаме дека вистинскиот успех на компаниите се мери според квалитетот на општеството, што тие умеат да го создадат во средините во кои делуваат. Пред 20 години, нашиот генерален директор проф. д-р. Ванчо Чифлиганец ја основа Адора инженеринг, која за кратко време, ја демонстрираше нашата посветеност како луѓе насочени кон деловниот квалитет.
Во изминатите неколку години, го диверзифициравме работењето во неколку деловни сфери, кои исто така се покажаа исклучително успешни. После студиозна физибилити студија, сработена од врни домашни експерти од полето на енергетиката и повеќегодишни длабоки опсервации и согледувања на приликите во регулираниот бизнис со производство на топлинска енергија, се одлучивме на овој храбар потег во времиња исполнети со огромна неизвесност и предизвици. Цената на природниот гас, кој што е главен влезен параметар во работењето секојдневно, руши нови рекорди, а регулираниот одреден принос на капитал од работењето е на историски најниско ниво. Меѓутоа, во Адора, имаме афинитет за прифаќање на деловни предизвици и донесовме одлука дека овој бизнис од државно значење, заслужува да биде во рацете на домашна компанија.
Нашата држава поседува исклучително квалитетен кадар од областа на топлинската енергија и енергетиката генерално. Во соработка со домашната стручна фела, имаме јасна визија како да го поставиме работењето на правилен начини и да го оптимизираме и модернизираме процесот на производство, во согласност со сите последни технологии. Постојат многу сфери во работењето на коишто ќе треба да се посвети интезивно внимание, труд и работа со цел да се изнајде економска оправданост, меѓутоа, во Адора веруваме дека со поддршка на успешно потврдената Регулаторна комисија за енергетика и од досегашниот, за жал загубар Топлификација АД, ќе изградиме успешна домашна приказна во бизнисот со топлинската енергија. Овој бизнис аспект ќе функционира како посебен правен ентитет под името Adora Energy Solutions и менаџментот и раководството ќе биде целосно составено од домашни човечки ресурси“.

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ