DSCN4492

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ СЕ ПРЕТСТАВИ НА НАСТАН НА АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ

Градежната компанија Адора инженеринг се претстави на настанот „Достигнувања и успеси на Универзитетот Американ Колеџ Скопје“ што се одржа во Националната галерија Даут Пашин Амам во Скопје во присуство на стотина родители на студенти и алумни, наставен кадар, студенти, постдипломци и членки на деловниот совет на УАКС. Како партнер на оваа реномирана високообразовна институција, Адора инженеринг пред присутните ги претстави своите нови проекти, преку промотивни материјали за комплексот Аеродром, маркантниот комплекс Адора Flatiron Скопје и најновиот уникатен објект Адора Diamond Garden, како последни достигнувања во современите трендови на квалитетно, урбано и зелено домување во Македонија.

Преку 17 одбрани проекти од додипломските студии и пет успешно реализирани бизнис идеи, студентите и алумнистите на Универзитетот Американ Колеџ ги презентираа пионерските достигнувања во обезбедување квалитет и иновации во начинот на предавање и комуникации на оваа високообразовна институција, а панел дискусијата манифестира иновативниот пристап и развој на културата во комуникација на факултетските професори со студентите и нивните родители.

Адора инженеринг има традиционална соработка со Универзитетот Американ Колеџ Скопје преку реализација на заеднички проекти за стипендирање на студенти и последипломци и едуцирање на вработените со поддршка на компанијата во која работат постдипломци и успешни алумнисти на УАКС. На овој универзитет ќе се образува млад член на семејството на купувачи на стан во Адора инженеринг, добитници на наградата целосно бесплатно додипломско школување, организирана неодамна во соработка на Адора инженеринг и Американ Колеџ, што е уште една потврда на добрата спрега меѓу бизнисот и образованието, како клуч за успех и за подобра иднина на новите генерации.

viber image

DSCN4502

DSCN4510

DSCN4492

DSCN4496

Архива