image-0.02.01.389e418d7b202d9f4facc2a200bb31a04bf1167725170db8198461dbf9c963d4-V

Адора инженеринг се претстави на саемот „Денови на зелени работни места и еколошко образование“ во Скопје

Адора инженеринг се претстави на вториот ден од саемот „Деновите на зелени работни места и еколошко образование“, што здружението Гоу Грин за одржлив развој и заштита на животната средина, во соработка со Конрад Аденауер Фондацијата, трета година по ред го  организира како дел од Европската недела на одржлива енергија во Скопје. Со предавањето на тема  „Искуси што значи да работиш на зелено работно место“, што предизвика голем интерес,  дипломираниот инженер-архитект Ивана Бајкова Шаља, обучувач за енергетска ефикасност, дел од стручниот тим на Адора инженеринг, овој градежен бренд денес учествуваше на работилницата што се одржа на  теми од областа на градежништвото, одржливата архитектура и енергетската ефикасност. Програмата на тридневниот саем кој започна вчера има цел да им ги доближи академските и професионалните можности на младите луѓе (средношколци и студенти) од сферата на чистата енергија, односно обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност. Саемот  се фокусира на темите зелена економија и зелени работни места, вештините, знаењата и способностите кои се потребни за придонес кон развој на зелениот светски тренд, реалната понуда на еколошко образование и зелените работни места во Македонија и регионот.

image-0.02.01.1b5e7e9767e77caa62cdd8dcaab6eea478153f116fa4f2cd60e33904ece71e75-V image-0.02.01.27e8d45a98a7611d51180865aacff3f97f87108a44757bbaa050549525be82dc-V image-0.02.01.389e418d7b202d9f4facc2a200bb31a04bf1167725170db8198461dbf9c963d4-V image-0.02.01.dab94823ebd7d0ffcaec169f37e2ff7cac6a43b6756e127cd2cab32a2781ae6d-V

Архива