stand_adora

Адора инженеринг се претставува на 5-тиот Саем на недвижности во Скопје

Градежната компанија Адора инженеринг ќе се претстави на 5-тиот меѓународен саем на недвижности, што денеска во 11 часот ќе биде отворен на скопски саем. Посетителите на штандот на компанијата ќе се запознаат со најновата станбена понуда на докажано сигурни енергетски домови А-класа, кои се градат во општина Аеродром, на 15 минути пеш од главниот градски плоштад во метрополата и со новиот капитален објект „Адора-Порта Кисела Вода“, кој ќе се гради на влезот во општина Кисела Вода, во централното подрачје на Скопје.

За посетителите на саемот, кој ќе биде отворен до 7-ми март, од 10 до 19 часот, Адора инженеринг подготви бројни изненадувања и подароци. Најсреќниот купувач на стан, со извлекување на крајот на саемот, ќе добие гратис комплетно опремување на домот.

saem-2015

Архива