Koinferencija filantropija Nina 4

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ СО АКТИВНО УЧЕСТВО НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА ЗА ФИЛАНТРОПИЈА ВО СКОПЈЕ

„За паметно донирање, неопходна е долгорочна и одржлива соработка, поголема комуникација и доверба  меѓу граѓанските организации и бизнисот“ е главниот заклучок на конференцијата за филантропија, што со претставници на бизнис заедницата, граѓанскиот сектор, експерти, институции од Македонија, регионот и Европа, се одржа во Скопје во рамките на проектот за креирање на овозможувачка средина за финансиска одржливост на граѓанските организации, финансиран од Европската Унија. Учесниците на форумот дебатираа како да се зголеми соработката меѓу бизнис и граѓанскиот сектор во решавањето на општествените потреби и предизвици, какви можности нуди Законот за донации и спонзорства во јавните дејности, како да се стимулира донаторството и корпоративната филантропија преку проширување на даночните олеснувања и поедноставување на процедура за добивањето донации и спонзорства, а за досегашните искуства беше промовирана публикација со резултати од истражување на овие прашања. Нина Кепеска, менаџер за односи со јавност и маркетинг во Адора инженеринг, ја потенцира важноста на слухот кој го имаат компаниите, кои и покрај кризата и огромниот број барања за донации и спонзорства, наоѓаат начини, средства, време, енергија и ресурси за помош на заедницата, што ги усреќува граѓаните и компаниите и станува значаен аспект од нивниот корпоративен имиџ и идентитет. Адора инженеринг, која има  богата традиција на општествено одговорна компанија, од минатата година го поддржува образованието, науката, културата, спортот, хуманитарните акции и општеството во целина и преку Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец.

Koinferencija filantropija Nina 1 Koinferencija filantropija Nina 4 Koinferencija filantropija Nina 3

Архива