НОВОСТИ

НОВОСТИ

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ СО ДИЈАМАНТСКА НАГРАДА, МУЗИЧКИ, АКТЕРСКИ И РАДИО ЅВЕЗДИ НА САЕМОТ НА НЕДВИЖНОСТИ REALEXPO 2017

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ СО ДИЈАМАНТСКА НАГРАДА, МУЗИЧКИ, АКТЕРСКИ И РАДИО ЅВЕЗДИ НА САЕМОТ НА НЕДВИЖНОСТИ REALEXPO 2017

sigurni-sme-so-adora

Под слоганот „Пресели се за мене”, дијамантско изненадување за купувачите и многу забава со македонските ѕвезди, на уникатен препознатлив штанд, градежната компанија Aдора инженеринг се претставува на 7-миот Саем на недвижности RealExpo 2017, што започна денес во Скопје. Посетителите сликовите, реално и низ стручни информации, можат да дознаат да дознаат повеќе за предностите на органската фасада, одличната сеизмичка стабилност, штедливите еко домови и да ја почувствуваат одличната звучна изолација на објектите на Адора преку музичката соба, со гласна музика внатре и идеална тишина надвор.

img_1018

„Адора инженеринг традиционално и иновативно учествува на Саемот на недвижности, на кој годинава ги претставуваме атрактивните објекти Адора Flatiron, новиот урбан симбол во срцето на Скопје, Адора Diamond Garden во Скопски Карпош и комплексот згради во општина Аеродром. Ние продаваме по околу 300 станови годишно и очекуваме овој тренд да продолжи и годинава. И покрај неизвесното економско време, Адора успева да се одржи со квалитетни и стабилни градби, градејќи според современите светски стандарди и вклопувајќи се умешно и жилаво во актуелната бизнис клима“.- порача проф. д-р Ванчо Чифлиганец, ген. дир. на Адора инженеринг кој го потенцира високото учество на градежниот сектор во бруто домашниот производ, како најсилен двигател во македонската економија, што според него драстично би се сменило доколку кризата го погоди и градежништвото.

so-shvajcarskata-ambasadorka

„Купувачите од Адора инженеринг секогаш добиваат повеќе од дом, а годинава тоа е дијамантски прстен, во наградната игра во која учествуваат сите купувачи на стан или деловен простор во нашата компанија за време насаемот. За наc купувањето нов дом е важно како изборот на животен партнер, кој треба да е вистински, да трае цел живот и да остане за идните генерации. Се потрудивме нашите купувачи да добијат дом создаден од нивните желби“. порача д-р Драгана Чифлиганец, извршен директор на Адора инженеринг.

tamara

Посетителите на штандот на Адора инженеринг, за време на саемот ќе се дружат и забавуваат со радио легендата Драган Б. Костиќ, со Панчо од групата ДНК, музичките ѕвезди Елена Ристеска и Тамара Тодевска, во петок тука ќе се случи најголемата After work забава со популарниот Сашко Коцев, а во сабота саемот ќе биде затворен со Радио матине. Од Адора инженеринг, лидер во високоградбата во Македонија што постои 15 години порачуваат дека секое време е вистинско за избор на дом, најважна и најголема животна инвестиција и за вложување во купување недвижности, како најсигурна трајна вредност за безбедна иднина на повеќе генерации.

dsc_0229

preseli-se-za-mene-1

img_0885

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ