НОВОСТИ

НОВОСТИ

Адора инженеринг со новите инвестициски проекти во Аеродром и Кисела Вода во Скопје се претставува на Саемот на недвижности 2015

Адора инженеринг со новите инвестициски проекти во Аеродром и Кисела Вода во Скопје се претставува на Саемот на недвижности 2015

На 5-тиот меѓународен саем на недвижности 2015 што денеска беше отворен на Скопски саем, градежната компанија Адора инженеринг се претставува со понудата на 450 нови докажано асеизмички станови, што според современите европски стандарди, од енергетската А-класа, ќе бидат изградени во модерната општина Аеродром, на 15 минути пеш од главниот плоштад во Скопје, во рамките на комплексот со трите изградени објекти на Адора инженеринг. Особен интерес кај гостите на саемот и кај вицепремиерот и министер за финансии м-р Зоран Ставрески, кој го посети штандот на Адора инженеринг, предизвика новиот инвестициски проект за изградба на капиталниот станбено-деловен објект „Порта Адора-Кисела Вода“, вистински деловен предзивик што компанијата ќе го реализира годинава на влезот во општина Кисела Вода, во централното подрачје на Скопје. „Новиот комплекс кој ќе се гради на местото на поранешната фабрика „Цветан Димов“, кај месноста рампа во општина Кисела Вода, во центарот на Скопје, ќе биде со архитектура мотивирана од познатата висококатница, урбанистичка икона на Њујорк „Флетајрон“ изградена во 1902 година во елитниот кварт Менхетн. Градежното земјиште од 4.403 м² го купивме на транспарентна јавна лицитација од државата, по цена 7 пати повисока од почетната, за што плативме 2.200.000 евра, а 2.500.000 евра ќе платиме за комуналии. Стратешкиот  елитен станбено-деловен објект планираме да почнеме да го градиме ова лето. Се очекува овој проект во двете насоки, да оствари финансиски обрт од околу 40 милиони евра. Според архитектонскиот проект кој сега се работи, овој објект треба да биде со висина од 45 до 50 метри, со ексклузивни деловни простории, мезанин и елитни станови на 14 нивоа. Се очекува на реализацијата на  проектот, во текот на една и пол година, да бидат ангажирани 500 градежни работници, со што ќе дадеме голем придонес во македонската економија. Што се однесува на цените тие ќе се движат некаде помеѓу цените на становите во Карпош и општина Аеродром во Скопје, а Адора инженеринг ќе оди со стапка на профитабилност од 10 %.“ – изјави проф. д-р Ванчо Чифлиганец, ген. дир. на градежната компанија Адора инженеринг, кој најави дека бјектот ќе биде со препознатливиот квалитет на градба на Адора инженеринг, со потврдена асеизмичка стабилност, енергетска ефикасност А-класа, со примена на најновите технологии и трендови и на купувачите ќе им понуди исклучително квалитетни и модерни услови за домување и за бизнис. На саемот на недвижности, кој ќе трае до 7-ми март со учество на 300 компании, Адора инженеринг на најсреќниот купувач на стан, ќе му подари комплетно опремување на домот. saem-11 saem-33     saem-55 saem-44saem-22  

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ