20151120_154112 (2)

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ СО ОЗЕЛЕНУВАЊЕ НА ОБЈЕКТИТЕ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ДРВОТО

Вработените во Адора инженеринг во пресрет на 16-тата национална акција „Ден на дрвото“, засадија 40-тина садници со зимзелени дрвја околу станбените објекти „Аеродром Парк 1“ и „Аеродром Парк 2“ во новиот комплекс „Адора“ на почетокот на општина Аеродром и околу резиденцијалниот објект „Адора Црниче“ во Скопје. Околината на објектите е озеленета со нови садници од зимзелените дрвца туи, а на површина од 300 м² посеано е и семе за трева. Акцијата на Адора инженеринг по повод „Денот на дрвото“ што годинава се одржува под мотото „Засади успех“, е дел од традиоционалните активности на овој градежен бренд за озеленување и хортикултурнмо оплеменување на сите станбени објекти со еко појаси, со што пионерски компанијата започна во 2004-та година со засадување на зелен заштитен штит околу првиот изграден објект во општина Карпош во Скопје.

20151120_154112 (2) 20151120_154143 (2) 20151120_154216 (3)

Архива