НОВОСТИ

НОВОСТИ

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ СО ПОРАКА ЗА СМИРЕНОСТ И СИГУРНОСТ ДО СТАНАРИТЕ ВО ОБЈЕКТОТ БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ ВО ОХРИД

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ СО ПОРАКА ЗА СМИРЕНОСТ И СИГУРНОСТ ДО СТАНАРИТЕ ВО ОБЈЕКТОТ БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ ВО ОХРИД

Менаџментот на Адора инженеринг постојано ги следи случувањата со земјотресите во Охрид и како инвеститор на објектот Билјанини Извори, ги повикува станарите да бидат смирени, спокојни и сигурни за  безбедноста на нивните домови.  Компанијата уверува дека место за грижа и паника нема зошто објектот Билјанини Извори е изграден според највисоките стандарди за статика, безбедност, цврстина и сеизмичката стабилност. Серијата земјотреси во Охрид не предизвикаа никакви оштетувања на конструктивниот градежен систем на објектот, освен малите оштетувања на внатрешниот глет малтер, што е  вообичаена последица од ваквите потреси и не ја доведува во опасност безбедноста на станарите. Објектот Билјанини Извори е со највисок квалитет и врвна сеизмичка стабилност, изграден на бонифицирано тло ( 280 см ) со мерни показатели од 85 до 100 Мра, темелна плоча со дебелина од 95 см и поголема цврстина на бетонот од проектираната, што го прави исклучително стабилен и издржлив и при поголеми потреси. Адора инженеринг постојано работи на подигување на стандардите во високоградбата и квалитетното домување во Македонија, при што за компанијата највисок приоритет е изгардбата на стабилни градби и безбедни домови, како  клучни фактори за граѓаните при носењето одлука за купување нов дом. Земјотресите не можат да се предвидат, но затоа може со безбедна и квалитетна градба да им се гарантира поголема сигурност и смиреност на граѓаните. Зградите на Адора инженеринг се редовно контролирани од Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија. Овој градежен бренд кој одбележува 15 години постоење, во соработка со ИЗИИС, прв во Македонија организира тест со вештачки земјотрес, што стана традиција за научно и практично докажување на врвната сеизмичка стабилност на станбените објекти на Адора инженеринг. ohrid-izvadena-stranica 2biljanini-izvori-ohrid  

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ