DSCN0107

Адора инженринг со свој штанд се претстави на промотивниот настан „Отворен ден-запознајте го УКИМ“

Денеска на платото пред Ректоратот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“-Скопје  се  одржа промотивниот настан „Отворен ден-запознајте го УКИМ“  каде што со свој штанд се претстави и Адора инженеринг, давајќи им поддршка на студентите кои како компанија континуирано ги следиме и помагаме.

DSCN0107

Ден на високото образование во Република Македонија, се организира по трет пат од страна на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“-  Скопје и е наменет пред се за средношколците од средните училишта во Р. Македонија, но и за студентите  кои сакаат да дознаат нешто повеќе за програмите на постдипломски и докторски  студии.  Адора инженеринг имаше можност да ги запознае сите заинтересирани со активностите кои ги реализира во текот на целата година, а се поврзани со стипендирање и можност за извршување на практична работа во нашата компанија.

DSCN0112

Манифестацијата беше збогатена со  музички хепенинг, голема забава со концерт на студенти од Факултетот за музичка уметност во Скопје и познатата македонска пејачка Дани Димитровска.

Адора инженеринг во рамките на своите општествено одговорни активности го поддржува oбразованието како темел за напредок на младите луѓе за подобра иднина на Македонија.

Архива